3 психолошки причини заради кои секогаш сте несреќни + Што треба да промените?

„Тоа што верувате дека сте во право за тоа што се жалите, не значи дека таквиот начин на живот е добар за вас“ – вели психологот Ник Винагал. Дали сметате дека со тоа што постојано се жалите за неправдите што ви се нанесени си олеснувате, или, пак си создавате проблеми? Кои психолошки причини може да направат да бидеме несреќни?

3-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-sekogash-ste-nesrekjni-i-shto-treba-da-promenite-01.jpg

Клиничкиот психолог Ник Вигнал од САД е познат по тоа што има свој подкаст, но и свој блог, каде редовно споделува дел од своите сознанија, што ги стекнал благодарение на повеќегодишното искуство и работата со пациенти.

Тој објавува свои текстови во кои пишува за практичната примена на психологоијата, а во еден од текстовите тој издвои 3 главни психолошки причини заради кои луѓето најчесто се несреќни во животот.

3-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-sekogash-ste-nesrekjni-i-shto-treba-da-promenite-02.jpg

Како што вели, често му се случува да му дојдат пациенти што тврдат дека не се депримирани, но не знаат да уживаат во животот, како и такви што знаат дека треба да бидат среќни затоа што имаат сѐ, но сепак не се чувствуваат исполнето.

Според него постојат психолошки причини заради кои некои луѓе не се среќни и потребно е прво тие да се адресираат за да може да водат исполнет живот.

Не се откажуваат од мислењето дека луѓето кон нив не се фер

Сигурно познавате луѓе што постојано се жалат, колку е напорен нивниот шеф или менаџер. Во секоја приказна знаат да ви раскажат и детали во детството, но и за тоа како им било згрешено или биле навредени и на крај, никој не може да ги сфати и да ги разбере низ што поминале.

Јасно е дека сите ние понекогаш имаме потреба да се пожалиме, но за некои луѓе „кукањето“ станува начин на живот.

Според Ник, потребно е да се ослободиме од верувањето дека луѓето и животот не е фер и да почнеме да го тренираме мозокот да се ослободи од овие уверувања.

„Тоа што верувате дека сте во право за тоа што се жалите, не значи дека таквиот начин на живот е добар за вас“ – вели психологот и напоменува дека е мошне важно да се сконцентрираме на сегашноста и иднината, а не да се навраќаме постојано на минатото.

3-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-sekogash-ste-nesrekjni-i-shto-treba-da-promenite-03.jpg

Се грижат за работи што не можат да ги контролираат

Загриженоста е негативно размислување за тоа што може да ви се случи во иднината. Поинакво е од решавањето проблеми или планирањето и не носи ништо продуктивно, а најчесто ваквите грижи се ирационални.

Се грижите како детето ќе помине во училиште, како ќе реагира шефот на некој ваш предлог, што ќе каже сопругот ако бидете искрени во целост...

Ако размислите добро, ова се грижи за работи што не можете да ги контролирате, но чувството на загриженост ни дава илузија дека нешто можеме да направиме.

Исто така, заедно со оваа хронична загриженост доаѓа чувството на анксиозност и стрес. Запомнете: Ќе ви биде тешко ако постојано сте анксиозни и загрижени и никогаш нема да бидете среќни.

Најдобро е да се соочите со вистината дека некогаш работите се надвор од нашата контрола и да прифатите дека треба да ја „украдете“ среќата што навистина ја заслужувате.

3-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-sekogash-ste-nesrekjni-i-shto-treba-da-promenite-04.jpg

Постојано сте со луѓе што не ви се допаѓаат

Луѓето околу вас во голема мера влијаат и на нашите размислувања.

Ако сте во брак со нарцисист или манипулатор, нема да биде среќни. Ако работите по 8 часа секој ден со колеги што не ги поднесувате, нема да бидете среќни. Ако им дозволите на родителите да ви се мешаат во бракот, нема да бидете среќни без разлика на тоа дали ќе одите на советници или ќе вложувате напори.

Затоа, важно е да признаете дека луѓето што ве опкружуваат во голема мера влијаат врз вашата среќа.

Оттука, луѓето што одбиваат да се откажат од ваквото влијание честопати не знаат како да стават граници или пак се плашат да постават, но, која е алтернативата?

Да продолжите да бидете несреќни и мизерни?

Да им дозволите да ви го диктираат животот?

Да не ги исполнувате сопствените цели само за да ги исполните нивните желби?

Запомнете, мора да научите да ставате граници за да можете да бидете среќни и не се прашувајте што треба да направите за нив, туку што ви треба вам за да ви се врати насмевката на лицето.

3-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-sekogash-ste-nesrekjni-i-shto-treba-da-promenite-06_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg