Подгответе: Вкусни и необични салати од лубеница

Бидејќи лубеницата е зеленчук по дефиниција, и покрај тоа што изобилува со шеќер и слатка водена средина, сепак е одлична за комбинирање со солени плодови.

podgotvete-vkusni-i-neobicni-salati-od-lubenica-01

Може да се зачудите колку вкусна може да биде слатко-солената салата со фета, кромид, нане, зелена салата и што ли уште не.

Ова се неколкуте храбри салати од лубеница кои може да ги подготвите уште денес.

Подготовка на салата број 1: Исецкајте лубеница на мали коцки, краставичка на малку поситни, малку ротквица и кромид по желба, зелена салата и изрендајте свежо, солено сирење. Супер освежителна салата за било кој дел од денот!

Подготовка на салата број 2: Слатката лубеница исецкајте ја на крупни коцки, исецкајте малку кромид најситно што можете и проросете нане. Супер додаток со печено месо или пак печени компири.

podgotvete-vkusni-i-neobicni-salati-od-lubenica-02

Подготовка на салата број 3: Зелена салата, коцки кубети, солено сирење и парченца лубеница. Додадете сол и маслиново масло по желба. Идеална комбинација за вкусна и здрава вечера.

Подготовка на салата број 4: Ситно исецкана лубеница, но овој пат потпечена на скара, додадете малку сиренце одозгора и неколку ливчиња магдонос. Супер предјадење!

podgotvete-vkusni-i-neobicni-salati-od-lubenica-03

Подготовка на салата број 5: Исечете големи коцки лубеница, додадете зачини по желба и прелијте со растопен кашкавал или пак ситно рендан пармезан. Идеален начин да се изненадите со нешто лесно, а вкусно.

Подготовка на салата број 6: Ситно исецканите коцки лубеница прелијте ги со песто сос и додадете лут кромид. Пикантен вкус кој нема да го заборавите.

podgotvete-vkusni-i-neobicni-salati-od-lubenica-05

Подготовка на салата број 7: Покрај сирењето и коцките лубеница, одлично би било ако додадете и малку непечени семки од сончоглед и црни, солени маслинки. Супер слатко-солен меѓуоброк!

podgotvete-vkusni-i-neobicni-salati-od-lubenica-04

Би можело да ве интересира:

Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
7 идеи што да им подарите на луѓето што не можат да си го замислат денот без кафе Од мелница за кафе, до термос за кафе... Постојат повеќе идеи за тоа што би може...
Ја нарекувале „маж во здолниште“, била советник на 2 султани: Детали за животот на Михримах Султан, ... Во историските записи никогаш не била опишана како убава, туку како многу амбици...
Низ илустрации: 10 работи што ги прават продавачите, а го вадат од такт секој купувач Иако продавачите не се тие што ја избираат облеката што се продава во дуќаните, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg