50 кратки совети за готвење од најдобрите светски готвачи

Честопати правиме грешки додека готвиме, само затоа што не знаеме некои мали тајни на големите готвачи кои се едноставни, а толку корисни.

50-kratki-soveti-za-gotvenje-od-najdobrite-gotvai-vo-svetot-01

За следниот оброк да го претворите во вистинско ремек-дело, ова се 50те кратки совети од најдобрите готвачи во светот кои загарантирано ќе ви помогнат:

1. Не гответе кога сте под стрес. Гответе расположени.

2. Колку што некое јадење е помало толку температурата треба да биде поголема, а времето пократко.

3. Зачините секогаш чувајте ги на студено и темно место. Ако се на топло и светло постепено го губат вкусот.

4. Некои состојките кои ги купувате за јадењата нека бидат во поголема количина, распоредени во фрижидер. Секогаш имајте резерви, наместо да ги изоставате некои ситни, но значајни состојки.

5. Ако готвите за гости, немојте тогаш првпат да испробувате нови рецепти.

6. Тестенините секогаш варете ги една минута помалку од потребното, бидејќи дополнително омекнуваат кога ќе им додадете сос.

7. По сечкањето на лукот, рацете протријте ги од некој метален сад, пред да ги измиете со вода, за да го отстраните непријатниот мирис.

8. Зачинувајте поарно. Пред да го ставите месото да се пече, зачинете го и оставете го да ги поприми мирисите и вкусовите.

9. Ако треба да додадете масло додека се пече јадењето, посипете на внатрешниот раб од тавата, па додека стигне до дното да биде загреано.

10. Пред да го сечкате зеленчукот, на даската ставете малку сол, за подобро да го контролирате зеленчукот.

11. За одличен сендвич со мајонез, размачкајте го по целата површина на лепчето, а не само на средина. Колку подобро го размачкате, толку помалку ќе ви се разлева во текот на јадењето.

12. Гответе по едноставни рецепти. Купувајте свежи состојки и не ги мешајте премногу при готвењето.

13. Месото секогаш зачинете го рамномерно.

14. Домашните сосови се секогаш повкусни и поздрави. Избегнувајте да купувате готови.

15. Сосот можете да го замрзнете. Така ќе го имате секогаш кога ви треба, без да губите време за подготовка.

16. Слободно пробајте ги своите јадења. Треба да го знаете вкусот пред да послужите и секогаш користите чиста лажица.

17. Немојте да пржите пилешко со лук, бидејќи тој ќе го одземе целосно вкусот и мирисот на пилешко.

18. Немојте да избегнувате зачини како вегета или лук, бидејќи тие само го подобруваат вкусот.

19. Прочитајте го рецептот од почеток до крај, пред да почнете да готвите.

20. Организирајте се. Ниедно јадење не е вкусно ако се чека предолго.

21. Рецептите се само водичи, не и заповеди. Слободно експериментирајте.

22.Пред печење на месото, ставете го на хартиена подлога за да ја впие непотребната вода од него, ако сакате да биде покрцкаво.

23. За полесно да исечете сланина, ставете ја претходно во ладилник околу 15 минути. Тоа ќе ја зацврсти.

24. Секогаш купувајте квалитетно маслиново масло. Лошото масло, може целосно да го уништи вкусот.

25. Ако го сакате вкусот на лимонот, тоа е одличен начин да го завршите секое јадење.

Уште 25 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg