Бабини приказни кои со текот на времето станаа правила

Секоја баба знае да ни посочи како во недела не се пере, не се јаде од нога, наутро пижамите не се оставаат фрлени на кревет, ниту пак креветот смее да биде растурен, инаку цел ден ќе се бориш со лоши мисли и случувања.

babini-prikazni-koi-so-tekot-na-vremeto-stanaa-pravila-01

На прв поглед звучи смешно, но по толку години некои од бабините приказни станаа општо познати правила.

Ако зимно време излезете со мокра коса, ќе се разболете

„Стави капа на глава инаку ќе настинеш!“ Секоја баба барем еднаш на својот внук му ја кажала оваа реченица. А, бројните студии кои се занимавале со оваа тема покажуваат дека луѓето кои се во студени простории немаат многу поголеми шанси да настинат отколку оние во топли простории. Ниту пак мократа или сува коса прави разлика.

Децата здивуваат од слатки

Шеќерот не влијае на однесувањето, открива последното истражување. Сепак, овој факт е толку вкоренет во нас како факт, што претерано влијае на нашата перцепција.

Голема телесна топлина губите низ главата

Сите знаеаме дека околу 98% од телесната топлина се губи преку главата, па затоа мораме да носиме капи. Само што, тоа не е точно. Напротив, зимно време повеќе топлина губите преку рацете, отколку преку главата.

Ако ги пукате зглобовите ќе добиете артритис

Делува разумно, но неточно. Нема доказ дека пукањето на зглобовите и артритисот се на било кој начин поврзани. Има докази за друг вид на повреди, како истегнати лигаменти, но не и за артритис.

Една човечка година е еднаква на седум кучешки

Вашето 3-годишно милениче мислите дека има 21 година, зар не? Не, ако ги прашате стручните лица. Генерално е вистина дека кучињата побрзо созреваат од луѓето и веќе на 24 месеци имаат зрелост од 21 човечка година. Но, тогаш процесот на стареење се забавува во размер 4:1, односно на секои 4 човечки години кучето старее како за 1.

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg