Погрешни лекции на кои нè научија цртаните филмови

Иако сите сме уживале во слушањето, читањето или гледањето на цртаните додека бевме мали, сепак постојат некои работи кои ги сфативме дури откако пораснавме.

pogresni-lekcii-na-koi-ne-naucija-crtanite-filmovi-01

Зошто сите добри девојки се убави, а сите лоши девојки се грди? Зошто се вљубуваат само во згодните момци, а не во духовитите?

Освен тоа што нè научија да го чекаме принцот на бел коњ, иако најчесто доаѓа само коњот, има уште некои работи кои би можеле да му ги замериме на Волт Дизни.

1.Ако читаш и учиш ќе бидеш чудна

Иако некои знаат да им се исмеат на оние кои многу учат или читаат, нарекувајќи ги „бубалици“, сепак тоа е убава навика која ги проширува видиците, знаењето и вокабуларот. Но, судејќи според „Убавицата и ѕверот“, уживањето во добрата книга Бела ја прави луда. Ја нарекуваат чудна, поинаква, досадна девојка и ја исмеваат.

pogresni-lekcii-na-koi-ne-naucija-crtanite-filmovi-1

2. Старите и дебели луѓе се лоши

Скоро сите негативци во бајките се стари и дебели. Вистински пример за тоа е Урсула од „Малата сирена“. Не само што е дебела и стара, туку е и злобна. Или е злобна затоа што е дебела и стара? Со тоа се создава погрешна слика која се наметнува на сите дебели луѓе.

pogresni-lekcii-na-koi-ne-naucija-crtanite-filmovi-2

3. Ако си грд, ќе останеш засекогаш сам

Квазимодо е можеби идеален маж за Есмералда, но никогаш не добива можност да ѝ се приближи на таква убавица, само затоа што е грд. Следствено на тоа, тој ќе остане сам до крајот на животот бидејќи никому нема да му се допадне. Праќа многу негативна порака: Ако не сте совршени, не ни помислувајте да се приближите некому што вам ви е симпатичен.

pogresni-lekcii-na-koi-ne-naucija-crtanite-filmovi-3

4. Промени се ако сакаш да те сакаат

Ако сакате да ја запознаете вашата сродна душа мора да се потрудите. Дури и по цена да се промените. Ариел го заменува својот глас за долгите нозе, а Пепелашка се менува целосно, од обична сиромашна девојка која принцот не ја забележува во богата, убава девојка во која ќе се вљуби. На тој начин, она во што некој ќе се вљуби е само маска на она што вистински сте.

pogresni-lekcii-na-koi-ne-naucija-crtanite-filmovi-4

5. Љубовта се случува на прв поглед

Оваа појава е вообичаена во речиси сите бајки на Дизни. Според нив треба само да погледнете во некој згоден, а тој ќе се заљуби во вас на прв поглед и ќе се венчате најбрзо што може. Знаете ли некоја таква приказна во реалниот живот? Можеби токму ваквите бајки се причина за нереалните очекувања и разочарувања.

pogresni-lekcii-na-koi-ne-naucija-crtanite-filmovi-5

6. Вистинската љубов е единствената животна цел

Сакате да имате кариера? Сакате да станете успешен музичар или спортист? Што ако сонот ви е да отидете во Вселената или да пронајдете некој лек против рак? За жал, единствената важна цел според бајките на Дизни е да ја најдете вистинската љубов и да се омажите. Ако немате голема љубовна приказна ништо друго не ви се смета како значајно достигнување.

pogresni-lekcii-na-koi-ne-naucija-crtanite-filmovi-6

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg