10 работи за животот кои може да ги научите од „Frozen“

Анимиран филм „Frozen“ кој годинава го доби оскарот за најдобар анимиран филм и за најдобра оригинална песна, „Let it go“ e една од најубавите зимски приказни која го воодушеви светот.

10-raboti-koi-moze-da-gi-naucite-od-frozen-01

Иако повеќе е наменет за деца, сепак, секој човек од него може да научи некои важни работи за животот.

1. Очекувањето за љубов на прв поглед не е реално

Љубовта е интензивно чувство  кое нè тера да веруваме дека може да го почувствуваме штом ќе здогледаме некого. Но, најчесто може да бидеме разочарани од реалноста, кога принцот нема да дојде и да нè одведе кон зајдисонцето.

2. Понекогаш и принцот може да се претвори во лошо момче

Тоа што на почетокот сте вљубени и сè е прекрасно и романтично, не значи дека ќе трае вечно. По првиот период секогаш следува и првата караница кога некои работи може целосно да се променат, па од совршен принц да се претвори во одбивно лошо момче.

3. Животните се подобри пријатели од некои луѓе

Луѓето понекогаш знаат да бидат навистина непријатни и себични. Тоа е во човековата природа. Животните се многу подобро друштво. Нивната верност не зависи од лошото расположение, знаат да почувствуваат кога сте вознемирени и без да ве прашаат, ви покажуваат љубов без да побараат нешто за возврат.

4. Комуникацијата е клучот

Тоа што не разговараат Ана и нејзината сестра, само повеќе ги оддалечува. Дали е подобро тоа што ќе оставите некој да верува дека сте лоши, наместо да разговарате и да му објасните? Стравот може да биде најголем непријател, затоа мора или да се контролира или да се реши.

10-raboti-koi-moze-da-gi-naucite-od-frozen-1

5. Никогаш не сте сами

Секогаш постојат луѓе кои се подготвени да помогнат, само треба да ги прашате. Имате блиски луѓе кои се покрај вас во тешките моменти, но има и некои случајни места и луѓе каде може да побарате совет.

6. „Не ги покажувајте чувствата“ е ужасен совет

Никогаш не е добро сè да чувате во себе и да ги потиснувате мислите и чувствата. Понекогаш можете многу работи да промените ако кажете што мислите или ако покажете што чувствувате. Многу работи ќе може полесно да се решат.

7. Луѓето се плашат од она што не го знаат

Луѓето се плашат од она што не го разбираат и го мразат она што не можат да го контролираат.

8. Повеќето луѓе се подобри од она што се прикажуваат

Секој има тајни. Како и ликовите во филмот кои имаат скриени моќи, така и луѓето во животот имаа нешто скриено што не го покажуваат на почетокот. Затоа, внимавајте кога донесувате мислење за некого на прв поглед.

10-raboti-koi-moze-da-gi-naucite-od-frozen-2

9. Бидете отворени за љубов

Кога се затворате и подигнувате ѕидови околу себе, единствената личност која ја повредувате сте самите вие. Отфрлањето на луѓето никому не помага. Бидете отворени за љубов, бидејќи не знаете кога ќе ви се случи нешто убаво.

10. Некои луѓе ќе направат сè за моќ

Има добри, лоши и амбициозни луѓе. Амбициозните луѓе не спаѓаат во ниедна од првите две категории. Тие се во онаа сива зона помеѓу двете. Го прават она што е најдобро за нив и нивните амбиции без разлика дали со тоа ќе бидат добри или лоши, дали ќе помогнат некому или ќе повредат некого.

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg