Најуникатниот матурски фустан - браво девојче!

Матурантка од Тиват, Вања Љубојевиќ, ги воодушевила сите со својот матурски фустан. Хумана и храбра девојка која може да послужи за пример како треба да се води сметка за оние околу нас и да не се заборават оние кои најмногу страдаат.

namesto-raskosen-maturski-fustan-kreirala-unikaten-fustan-od-vesnici-so-brojot-za-donacii-01

За разлика од сите останати девојки кои биле во свечени и раскошни матурски фустани, Вања си направила уникатен фустан излепен со исечоци од весник.

Напред залепила и повидлива порака на која со црвен маркер бил испишан бројот за донации на поплавените во регионот.

Овој фустан е прогласен за најубав на матурската прослава .

namesto-raskosen-maturski-fustan-kreirala-unikaten-fustan-od-vesnici-so-brojot-za-donacii-1

„Сакав да им обрнам внимание на девојките и родителите кои даваат стотини евра за фустани. Не сакав да ги трошам моите.

Во мојот град на матурското дефиле се појавуваат огромен број луѓе меѓу кои повеќето роднини на матурантите, а останатите не се дојдени за матурантите туку за фустаните, да видат кој што носи, каков бренд и колку чини. Така што, овој фустан претставува и некој вид протест на таквиот менталитет.

Подоцна се појави и целата ситуација со поплавите во Србија и Босна, па сакав да направам нешто повеќе од едно испраќање порака и волонтирање во градот. Тогаш се сетив дека е добра идеја да го залепам бројот за донации на фустанот и дека така сигурно ќе го видат многу луѓе и ќе се подигне нивната свест.

Тоа и се случи, не сакав да се откажам од оваа идеја без оглед на тоа што добив присојно убав фустан од мојата баба.

Тој го носев вечерта во хотелот по повод свечената прослава, каде меѓу другите беа и родителите на матурантите кои навистина се таму за нас, а не за фустаните“. - изјавила Вања.

Токму во ваквите моменти се гледа свеста, моралот и храброста кај луѓето кои знаат да сочувствуваат. Секој на свој начин тоа го покажува, но ваквите примери се за поздрав и почит.

Би можело да ве интересира:

Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg