Не ги фрлајте лушпите од јајца

Сигурно најлесно ви е штом ги скршите јајцата за во некоја торта или за појадок веднаш да ги фрлите двете половинки на лушпата.

ne-gi-frlajte-luspite-od-jajca-01

Ви изгледаат безвредно и непотребно. Се прашувате за што би можеле да ви бидат потребни скршени лушпи од јајца?

Понекогаш тие може да бидат и поздрави и покорисни дури и од самите јајца. Одлични се за кожата, коските, а и за билките во градината.

Додајте ги во ѓубривото

Лушпите брзо се разградуваат, а бидејќи се богати со калциум и минерали, дополнително ќе го обогатат ѓубривото за вашите растенија.

Ослободете се од штетниците во градината

Издробете ги лушпите и посипете ги околу билките и цвеќињата во градината за да спречите полжавчиња и гасеници да се собираат околу нив. Така ќе избегнете и употреба на пестициди.

Искористете ги за мали садници

Во двете половинки од лушпите ставете земја со семе за мало растение, како мини чери домат. Наредете ги во кутија и оставете ги на топло и светло место. Во пролет малата садница само пресадете ја во градината.

Исчистете ја куќата

Издробете ги лушпите и додајте вода со детергент па во неа исперете некои цврсти предмети, Лушпата може да се користи и како нетоксично абразивно средство за миење на садовите.

ne-gi-frlajte-luspite-od-jajca-2

Исчистете ги одводите

Неколку здробени лушпи ставете ги во мијалникот. При миењето садови, овошје или зеленчук лушпите ги задржуваат парчињата храна и отпадоци, а кога минуваат низ цевките на одводот ги чистат и спречуваат да се затнат.

Не ја заборавајте мембраната во внатрешноста на јајцето

Тенката мембрана во внатрешноста на лушпата одамна се користи како природен лек за исекотини и заноктици. Само размачкајте ја на местото и оставете да се исуши.

Отстранете ја иритацијата на кожата

Во мал сад измешајте ја лушпата од јајце и сокот од лимон, па може да ја користите за лечење на мала иритација на кожата и чешањето, благодарение на богатството од калциум.

ne-gi-frlajte-luspite-od-jajca-1

Би можело да ве интересира:

Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Во Македонија сакаме кајгана, а каков појадок со јајца се приготвува низ различни земји од светот? Појадокот често се смета за најважен оброк во денот, а јајцата сe eдна од главни...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg