Мисли кои сите ги имаме, но не ги кажуваме на глас

Сигурно многу често ви се случува да ви прелета некоја мисла низ глава која сепак одлучувате да ја задржите за себе, мислејќи дека само вас може да ви падне тоа на памет.

misli-koi-ni-pominuvaat-niz-glava-no-ne-gi-kazuvame-01

Понекогаш посакувате да може да кажете на глас, но знаете дека нема да си поминете баш најдобро, особено ако некого навредите. Некои мисли на сите понекогаш им поминуваат низ глава, но и тие не ги кажуваат.

Кога ќе ги прочитате, сакале или не, потајно ќе си ги признаете.

1. Колку само се надевам дека баш кога ќе поминува симпатијата покрај мене, ќе ми пријдат барем уште тројца други за да види колку сум посакувана. 

2. Старава жена која седи до мене сигурно била многу секси како млада.

3. Се прашувам дали кога поминувам по улица луѓето ја слушаат музиката од моите слушалки?

4. Дали некогаш Ајподот ќе може сам да ми ги чита мислите и да ја пребарува песната што сакам да ја слушнам?

5. Вие можеби ја гледате Рејчел МекАдамс како го бакнува Рајан Гослинг во „The Notebook“, но во моите мисли јас сум на сцената  и го бакнувам, а тоа и нему му се допаѓа.

6. Може сите од страна да озборуваме некоја девојка дека е „лесна“, но да бидеме искрени, изгледа згодно, фантастично и сè би дале да имате тело како нејзиното.

7. Можеби од трето одделение учиме англиски, но на сите ни се случува и денес да го прашаме Google  дали е правилно „belive или believe “ или некои слични зборчиња.

8. Некои книги можеби не сме ги прочитале, ама цитираме мисли како тоа да ни се омилените дела.

9. Зошто ми кажуваш дека твоето бебе има 72 месеци? Тоа е дете на 6 години.

10. Глумам дека не ме интересира Фејсбук додека сум излезен/а, а едвај чекам некој да ме објави фотографија, иако „се противам“.

11. Понекогаш замислувам дека сум најзгодната личност во кафулето и сите ме гледаат мене.

12. Додека се возам во автобус и си фантазирам, се прашувам дали некој може да ми ги прочита мислите?

13. Ви се случува да одите по улица сами мислејќи дека ве држи симпатијата за рака?

14. Признајте дека некои наредби ги примате со насмевка, а така би си заминале и би ги фрлиле сите документи низ прозор пред очите на шефот.

15. Колку пати сте се надевале дека песната во која се пронајдовте и ја ставивте на Фејсбук ќе ја сфати и симпатијата?

misli-koi-ni-pominuvaat-niz-glava-no-ne-gi-kazuvame-2.jpeg

Какви мисли вам ви поминуваат низ главата, а не ги кажувате на глас?

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg