17 едноставни навики со кои треба да започнете денес, а ќе ви бидат од корист за пет години

Запрашајте се што можете да направите денес за да си го подобрите животот во 2019-тата година?

17-edonstavni-naviki-so-koi-treba-da-zapocnete-denes-a-kje-vi-bidat-od-korist-za-pet-godini-1

Можете да направите многу, а со минимален труд.

Колку побрзо сфатите дека некои ситници се навистина корисни и дека истите ќе ви бидат од голема помош во иднина, со исто толкава брзина ќе си го подобрите квалитетот на вашиот живот.

Развијте ги овие навики денес, а во иднина од нив ќе добиете огромна корист:

1. Одберете физичка активност со која би можеле да се занимавате со години

Во текот на школувањето поголемиот дел од времето го поминувате седејќи, а тоа се продолжува така и откако ќе се вработите. Доколку константно имате болки во грбот, стомакот, нозете или имате лошо држење тогаш сето тоа не е предизвикано од ништо друго туку од недоволната физичка активност. Пронајдете си некој спорт до кој би можеле да се држите и кој би прераснал во секојдневна навика.

2. Пишувајте ги работите кои ги правите

Можеби ќе ви звучи чудно, но ова навистина функционира. Со само 15 минути запишување во денот на настаните кои ви се случиле вие стекнувате слика од тој ден, а според истражувањето од Хардвард на тој начин вие станувате попродуктивни на работното место.

3. Разговарајте со некого кого не го познавате

На странците гледајте како на нови прилики. Секој човек има различно влијание врз вашата кариера, здравје и успеси на сите животни полиња, па затоа не пропуштајте денес да поразговарате со некого додека сте на пауза од работа, додека го чекате вашиот пријател или додека пазарите во продавница. Проширете ги вашите познанства и запознавајте нови луѓе.

4. Научете да бидете добар слушател

Да бидеме искрени, луѓето сакаат да зборуваат за себе и токму поради тоа ти ги сакаат добрите слушатели. Затоа внимателно сослушајте ги вашите соговорници и на тој начин вие ќе бидете ценети и почитувани.

5. Пронајдете ја среќата на патот кон остварување на вашите соништа

Заборавете на одложувањето и фрлете се на работа, соништата нема сами да ви се остварат. Животот ќе ви биде уште поубав штом гледате дека соништата ви стануваат реалност. А вие ќе можете и понатаму да сонувате за уште многу нови работи кои ќе чекаат да бидат остварени.

6. Изградете силни пријателства

Пронајдете луѓе кои зрачат со позитивна енергија и од нив изградете силни и цврсти пријателства кои ќе ви останат до крајот на вашиот живот.

7. Не го трошете времето залудно

Животот се состои од денови, деновите од часови, часовите од минути...Секоја минута е од суштинска важност за вашиот живот, затоа немојте да ја трошите залудно.

17-edonstavni-naviki-so-koi-treba-da-zapocnete-denes-a-kje-vi-bidat-od-korist-za-pet-godini-2

8. Барајте ново искуство

Колку повеќе знаење и искуство имате толку повеќе вашите идеи ќе бидат креативни, а луѓето полесно и побрзо ќе ве прифаќаат.

9. Штедете пари

Од секоја плата одвојте пари и тргајте ги настрана. Тоа правете го автоматски и ќе ви прерасне во навика за која еден ден ќе си бидете благодарни.

10. Бидете пријатели со старите луѓе

Тие знаат многу повеќе за животот и со сигурност ќе чуете од нив многу мудри приказни кои ќе ви помогнат во секојдневието.

11. Медитирајте

Нема да ви одземе многу време, а ќе ве тргне настрана од секојдневното лудило.

12. Излегувајте надвор

Колку и да сте уморни, сепак излезете надвор, прошетајте и надишете се чист воздух. Излегувањето надвор ќе ви помогне полесно да се справувате со депресијата и другите проблеми.

13. Запознавајте луѓе кои се поинакви од вас

Доколку сте либерална личност тогаш сигурно не ви е проблем да запознавате луѓе кои се поинакви од вас. Нема причина зошто да не пријдете некому и да не се запознаете, направете го тоа.

14. Белешки против заборавање

Секогаш запишувајте ги вашите планови, пишувајте белешки за лицата кои ги запознавате и на тој начин ќе имате подобра меморија и ништо нема да заборавите или пропуштите во иднина.

15. Читајте книги

Книгите ќе ви помогнат подобро да ги разберете останатите и нивното гледање на животот.

16. Научете да функционирате со срамот и сомневањето

Секој човек ги искусил, но ретко кој умее да живее со истите и да функционира под нивниот притисок. 

17. Одредете минимални цели

Со бебешки чекори стигнете до посакуваните цели. Започнете со 15 страници дневно од книгата, три телефонски повици кон пријателите, половина час трчање или друг спорт и успехот ќе ви биде на дофат.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg