7 Неочекувани идеи за пеглање облека без воопшто да употребите пегла

Најздодевната куќна обврска со сигурност ви е пеглањето, но на маките конечно им дојде крајот...

7-neocekuvani-idei-za-peglanje0obleka-bez-pegla-1

Постојат денови кога навистина сме мрзеливи и уморни, па најмалку што сакаме е да ја поставиме даската за пеглање и да ја земеме во раце пеглата.

Овие 7 начини ќе ви го олеснат пеглањето на облеката и ќе ја израмнат без да морате воопшто да користите пегла:

1. Пеглајте со пегла за коса

Ситните набори во пределот на јаката и околу копчињата најлесно може да ги исправите со помош на пегла за коса. Апаратот кој ја исправува косата истото го може и со облеката. Пред употреба добро исчистете ја пеглата за да не ја уништите омилената маичка.

2. Пеглајте со помош на топол лонец

Најстариот трик кој постои е токму овој: Наполнете еден метален лонец со обична вода, ставете го на шпорет, почекајте водата да зоврие, а потоа истурете ја водата. Долниот дел од лонецот искористете го како пегла за исправување на облека.

3. Исправете ја со помош на душек

Го знаете оној трик кој истутканото парче хартија го ставате под тешка книга за да се исправи? Истото можете да го направите и со омилените панталони. Замотајте ги во цврста ролна, ставете ги под душекот и оставете ги така еден час. Уживајте во панталоните без нерамнини.

4. Со пареа

Овој трик го обожаваат луѓето кои често патуваат: истутканото одело ставете го на закачалка и закачете го во бањата пред да се туширате. Пареата од топлата вода ќе ги исправи нерамнините.

5. Избришете ги нерамнините со мокар пешкир

Намокрете чист пешкир, а под него ставете го парчето облека кое сакате да го исправите. Со силни движења со помош на рацете израмнувајте ја површината на пешкирот и така ќе ги намалите нерамнините од облеката.

6. Опуштање со оцет

Белиот алкохолен оцет може да ви помогне во пеглање на нерамнини. Измешајте малку оцет и вода во однос 1:3, ставете ја течноста во шише со распрскувач и прснете го истутканиот дел од парчето облека, а потоа оставете го да се исуши.

7. Набавете машина за сушење облека

Доколку ја имате оваа машина најважно е облеката да ја извадете веднаш штом таа ќе престане со работа. Тогаш облеката ќе биде топла и подготвена за исправување со раце, без потреба од пегла. 

Би можело да ве интересира:

Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg