16 мисли кои ги имаат само зрелите личности

Дали се имате запрашано кој е степенот на вашата зрелост? Доколку не, време е да го сторите тоа.

16-misli-na-zrelite-licnosti-dali-ste-vie-edna-od-niv-01.jpg

Проверете ја вашата зрелост преку овие 16 реченици:

1. Знам што сакам и знам како да го постигнам тоа и ако во моментот немам идеја, ќе најдам начин.

2. Вниманието кое ми е посветено, треба да биде возвратено од моја страна.

3. Не сум себична личност која се посветува на глупави, секојдневни работи од типот на трач, правење заговори или пак прељуба.

4. Изневерувањето е непотребен товар на свеста, зошто да изневерувам кога со една личност можам да имам сè.

5. Моите родители се секогаш тука за мене. Без разлика дали се во право или не, секогаш треба да го почитувам нивниот совет, но не морам да го применам.

6. Образованието е важно.

7. За да бидам среќна и исполнета личност треба да најдам работа што ќе ја сакам. Така нема да работам ниту еден ден до крајот на животот.

8. Не ми се потребни многу пријатели, доволни се оние вистинските.

9. Нечесно заработените пари не носат среќа, задоволство или пак мирен сон.

10. Не ги проценувам личностите според физичкиот изглед, облеката и дебелината на новчаникот.

11. Патувањето е добра инвестиција. Кога се двоумам помеѓу штедење и патување секогаш го одбирам второто.

12. Моето тело е материјал кој полека се „троши“. Правилната исхрана, вежбањето и намалувањето на стресот се секогаш добри начини на кои го „штедам“.

13. Љубовта е насекаде околу нас, само треба да го промениме видикот за да ја забележиме.

14. Искреноста е скапа работа која никако не можам да ја очекувам од евтини луѓе, но секогаш можам да им ја сервирам.

15. Времето посветено на добра книга никогаш не е изгубено време.

16. Мојот живот е моја приватност и ќе го живеам по мој избор.

Во колку се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg