Ја оставив безброј пати, но таа ме остави само еднаш!

Беше млада и неискусна, а јас постар и позрел, но сепак не знаев што сакам од животот.

ja-ostaviv-bezbroj-pati-no-taa-me-ostavi-samo-ednas-1

Ја сретнав кога имаше само 19 години, беше како непишана табла на која можеш да запишуваш се што ти душа сака, секако и да бришеш се што ти душа сака, бидејќи таа беше толку наивна и кревка што не знаеше ниту како да те спречи во бришењето.

Беше интересно, ме засака веднаш иако не ми кажа го чувствував тоа, но сепак не се осмелував да ја прашам. Не бев јас тој што изразува чувства, не беше мој фазон да кажувам дека сакам некого.

Но, страшно ме интересираше зошто таа не го кажува тоа, дека ме сака, ме пецкаше иако знаев дека сум љубовта на нејзиниот живот, нејзин учител, а таа моја ученичка која ќе направеше се за да остане со оцена 5 во мојата глава.

Не забележував дека јас влегов во минус со оценките во нејзината глава секој пат кога ќе ја оставев.

Да, ја оставав безброј пати и самиот не се сеќавам колку беа, сигурно не можеш да ги изброиш на две раце.

Таа секогаш се враќаше, но со еден детал кој никогаш не го забележав се до последниот пат. Се враќаше со помалку љубов и солзи од претходниот пат кога сум ја избркал.

Сфатив дека со секое оставање ја научив како да живее без мене.

Беше убаво, но не како на почетокот, знаев дека јас сум крив, но и покрај тоа ја обвинував неа за мојата грижа на совест и повторно ја оставав при секоја ситна грешка само за да си докажам дека таа е виновна за се.

Последниот пат кога ми се врати беше како камен, не беше повеќе онај памук кој можеш да го стиснеш во рацете секогаш кога ќе посакаш. Беше оган, не можев да ја допрам, ќе се изгорев.

Пред мене стоеше силна жена за која не се чувствував достоен. Започна да ја забележува секоја моја грешка, потег, искривена насмевка, превртување со очите, лажен оргазам...

Се зачудив, беше толку неочекувано за мене, ме плашеше нејзиниот став, како да се видов себеси во неа.

Не верував дека навистина ученикот секогаш го надминува учителот, таа ми го докажа тоа.

Бевме во ресторан, го имав купено нејзиното омилено чоколадо и сакав да ја изненадам како што таа го правеше тоа во минатото, за прв пат во нашата така да ја наречам врска.

Кога го погледна чоколадото како да се присети на се, на секоја моја забелешка, оставање и навреда, се запали една искра во нејзиниот поглед која што ми го гореше срцето. Го зеде чоколадото, си го облече капутот и замина кон вратата.

Пред да излезе, во кантата за ѓубре го испушти со таква бездушност како што тоа јас го правев секогаш кога ќе ја испуштев нејзината рака во минатото.

Знаев дека никогаш повеќе нема да ја видам.

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg