Отворено писмо до момчето што ме малтретираше физички, секој ден!

Многу жени во денешно време се повеќе го пријавуваат семејното насилство или општо насилството од личностите на посилниот пол кои никако не ја докажуваат нивната сила со тоа што удираат жена, напротив покажуваат слабост.

otvoreno-pismo-do-momceto-sto-me-maltretirase-fizicki-sekoj-den-2

Ова е отворено писмо од девојката која била малтретирана физички од страна на своето момче, секој ден, прочитајте што има да му каже:

“Здраво моја бивша понежна половино,

Се чудиш што те нарекувам вака, не чуди се бидејќи ти доликува, би те нарекла со некој друг полош епитет, но сепак сакам да останам културна за разлика од тебе во моментите на афект кога ме удираше без престан нарекувајќи ме ороспија без причина.

Не ти замерувам знаеш, можеби требало така да се случи, можеби требало да запознаам некој како тебе за да ги разликувам добрите од тебе, ти си лош.

Главен проблем ти беше мојот црвен кармин, краткото здолниште, деколтето или пак случајниот поглед во келнерот од кафулето, да не споменувам за моите бивши кои ти одеа на нерви знаејќи дека имале секс со мене пред да бидеме јас и ти заедно.

Нормално дека ќе имаме секс, во врска сме биле, но ти не можеше да го разбереш тоа. Секое твое присетување на нивниот допир на моја кожа резултираше со шамар или тупаница брз причина.

Тоа е болест...

Ти беше болен, но лекот не бев јас за твојата состојба од која сакав да се извлечеш само мртов, признавам имаше моменти кога сакав да те елиминирам на тивок начин, но сепак се плашев, што ако отидам во затвор заради тебе, не вредиш, не сакав да те преценам толку многу.

Цената ти беше ниска како и секогаш, а јас не сакав мојата да ја снижам на ниво со твојата.

Сфатив дека сум попаметна од тоа, попаметна од тебе и можам да те тргнам од себе не со моите раце зад решетки, туку твоите кои секогаш ќе ги паметам, наместо да ме погалат, тие ме удираа како да сум им крвен непријател.

Но, простено ти е се, бидејќи сакам да си простам себе си што сум дозволила да останам покрај тебе од страв, ги мразев тие жени кои трпеа насилство од нивните сопрузи, момчиња, но ете истото ми се случи и мене.

otvoreno-pismo-do-momceto-sto-me-maltretirase-fizicki-sekoj-den-1

Уште нешто имам да ти кажам, вистински маж на жена не крева рака...

...а кога ти веќе си кренал рака на мене значи не си вистински маж, зарем можеш да се наречеш себеси маж?

Зарем можеш?

Запрашај се, одговори си на прашањето и заспиј мирно на перница, секако ако совеста ти дозволи и твоите шлаканици како бумеранг не се враќаат на твоето лице и те удираат во ноќните часови.

Биди поздравен!”

Д.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg