Дали и колку се штетни вашите омилени штикли?

Истражување од 2014 година покажува дека број еден проблеми со стапалата и воопшто севкупната става, жените ги имаат како резултат на високите потпетици.

dali-i-kolku-se-stetni-vasite-omileni-stikli-01

Се запрашувате дали вашите омилени штикли се штетни за вас? Одговорот со сигурност е да. И не би требало да ве изненади фактот дека болките доаѓаат токму од тука. Стапалото е долготрајно поставено во позиција на плантарна флексија. Тоа е како да стоите на прсти многу часови и позицијата доведува трајни оштетувања не само на вашите прсти туку и, од стапалото па сè до целиот `рбетен столб се зафатени.

„Пликови, плускавци и раскрварени нокти малку под зараснати во кожата. Ова се само дел од проблемите на кои се наидува кога се носат високи потпетици“, вели докторот Родни Стак од Универзитетот во Чикаго. Колку е повисока потпетицата толку се поголеми и подрастични проблемите.

Овие рани на прстите, на стапалата, се најмалиот проблем на кој можете да наидете ако сте страсен љубител на високите потпетици. Позначајните ризици се качуваат погоре кон вашите нозе. Според едно британско истражување носењето високи потпетици ја менува структурата на мускулите и тетивите.

„Високите потпетици ги прават мускулните влакна пократки и ја зацврстуваат Ахиловата пета“ - вели докторот Марко Нарици. Мускулот се менува и се намалуваат можностите за движење. За болката во колената виновно е вашето последно трчање? Не. Многу поверојатно е дека виновни се потпетиците кои ги носите многу часови во текот на денот. Овие проблеми подоцна може да доведат до појава на остео-артритис.

Најдобриот лек за здравјето на вашите стапала секако е да се откажете целосно од вашите штикли, но доколку не сте подготвени да го сторите тоа намалете ги можностите за големи проблеми.

Почнете да носите што е можно пониски потпетици. Друго решение исто така е да носите балетанки сè додека не пристигнете на вашата дестинација и таму да ги облечете потпетиците.

Не ги заменувајте со апостолки. Овој тип на обувки се подеднакво штетни за вашите стапала како и вашите највисоки потпетици.

Би можело да ве интересира:

5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуни...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg