Најдобрата Божиќна реклама: Осамениот дедо на месечината (видео)

Најновата божиќна реклама на британската компанија „John Lewis“ ја најави сезоната на празниците на најубавиот можен начин.

najdobrata-bozikna-reklama-osameniot-dedo-na-mesecinata-01.jpg

Ако сте заборавиле која е „John Lewis“ само сетете се на слаткиот заљубен пингвин од минатата година или на заспаната мечка која никогаш порано не го прославила Божиќ заедно со другите животни покрај украсената елка.

Оваа година „John Lewis“ ни претставува една нова приказна полна со емоции. Малечката Лили гледајќи низ својот телескоп го забележува дедото кој сам живее на месечината.

Забележувајќи ја неговата тага и осаменост, смислува начини на кои ќе му покаже дека всушност и не е така осамен и дека таму некаде на земјата постои некој кој мисли на него.   

Убавата приказна како и секогаш е проследена со одлична музика. Оваа година тоа е песната „Half the World Away“ на Oasis, отпеана од норвешката пејачка Аурора Акснес.

Идејата зад рекламата се должи на тажната статистика дека милион стари лица во Британија поминуваат дури и по еден месец во самотија, без да разговараат со никого. Од компанијата се надеваат дека нивната реклама ќе придонесе за покревање на свеста за старите лица, не само во Велика Британија туку и низ целиот свет.

М.С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 ситуации во кои не мора да им помагате на другите (и зошто) Не сте должни да „фаќате врски“ за работа или да делите професионални совети и д...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
За училиште, градинка, роденден: Едноставни фризури за вашите ќерки (видео) Плетенки како Елса, коњски опавчиња, панделки и многу пеперутки – вашите мали пр...
Во Македонија сакаме кајгана, а каков појадок со јајца се приготвува низ различни земји од светот? Појадокот често се смета за најважен оброк во денот, а јајцата сe eдна од главни...
10 психолошки трикови што ќе ви се најдат во секојдневието „Ако го прашате вашето дете дали сака млеко, најверојатно ќе ви рече не. Но, ако...
Короваи, едно од последните племиња канибали: Старешината кажува кој треба да се убие Старешината на племето кажува кој треба да биде изеден - тој почнува да се моли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg