20 начини како да станете посреќни само за една минута

Понекогаш, за да бидете посреќни, треба да го направите токму она што го посакувате во тој момент, а понекогаш, можете и да се сетите на сите причини зошто треба да бидете среќни и веднаш да почувствувате позитивна енергија.

20-nacini-kako-da-stanete-posrekjni-samo-za-edna-minuta-01.jpg

Научниците решиле да направат експеримент на волонтери и да откријат што треба да направиме за да бидеме среќни.

И така ја создале оваа листа:

1. Сетете се на три добри работи кои ви се случиле денес

Научниците велат дека тоа што ни се случува токму тој ден, може да не направи посреќни или потажни, а најважно е да се сетиме на оние најубавите работи од тој ден.

2. Купете јаболка за колегите, тоа нема да ги направи среќни само нив

Кога трошиме пари за другите, посреќни сме - научно докажано е.

3. Дајте пари на непознато лице

Искреното „благодарам“ кое го добиваме од некого без исклучок, секогаш нè прави посреќни.

4. Напијте се кафе со чоколадни колачиња

Тестирано е илјадници пати - чоколадото го зголемува ендорфинот и нè прави посреќни, а кафето будни.

5. Дишете правилно

Без да знаеме не дишеме правилно, а тоа многу влијае на нашето расположение. Дишете на стомак, длабоко и смирено. Веднаш ќе почувствувате наплив на позитивна енергија.

6. Погледнете што има околу вас

Внимателно погледнете какви бои се кријат околу вас, што се случува, како изгледаат растенијата, какво е небото, сонцето...

7. Слушајте го црцорењето на птиците

Песната на птиците има неверојатна моќ да нè смири и да не исполни со позитивна енергија.

8. Соблечете ги чевлите и пешачете боси

Пријатните допири секогаш не прават посреќни.

9. Седнете исправени

Внимавајте на вашиот став. Научниците велат дека оние кои седат исправени, автоматски имаат поголема самодоверба и се порасположени.

10. Погледнете ги фотографиите од вашиот одмор

Фотографиите каде сте среќни, според психолозите, имаат моќ да ве расположат во секој момент. Па, чувајте по некоја слика на десктопот на работа или во вашиот мобилен телефон.

11. Насмевнете се

Толку е едноставно, вештачката насмевка има моќ да предизвика и природна искрена насмевка.

12. Подарете на некого мал подарок, без причина

Видовте во продавница нешто што знаете дека ќе ѝ се допадне на вашата мајка? Нешто убаво што знаете дека ќе го расположи вашиот татко? Купете го. Не треба да имате причина за да подарите нешто на некого.

13. Слушнете некоја позитивна песна

Вистина е, позитивната музика не е само добра за нашите уши, туку општо за нашата состојба.

14. Кажете му на некого „благодарам“

Позитивните зборови можат да изнудат насмевка на нечие лице, а таа насмевка, за возврат ќе ве направи посреќни.

15. Дадете на некого комплимент

Истото важи и за комплиментите.

16. Чекорете храбро и со големи чекори

Големите чекори ќе направат да бидете со поголема самодоверба, а автоматски и посреќни.

17. Јавете се на некој пријател кој одамна не сте го слушнале

Не само што пријатно ќе ја изненадите таа личност, туку и сами веднаш ќе си го подобрите расположението.

18. Масирајте си ги ушите

Масажата општо, има „магична“ моќ да ве релаксира и да ви го подобри расположението, а на ушите се кријат голем број на точки кои се поврзуваат со различни делови од телото.

19. Земете ја омилената шолја и направете си чај

Навикнати сме на секојдневните работи и забораваме на убавите или ги чуваме за некој важен ден, а секој ден треба да ни биде подеднакво важен.

20. Разговарајте со некого, за било што

Разговарајте дури и за времето, не е важно. Важно е да комуницирате со другите луѓе околу вас. После се, ние сме социјални суштества, а разговорот нè прави посреќни.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
3 психолошки причини заради кои секогаш сте несреќни + Што треба да промените? „Тоа што верувате дека сте во право за тоа што се жалите, не значи дека таквиот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg