10 вистини кои луѓето што исчезнаа од вашиот живот би сакале да ви ги кажат

Луѓето се појавуваат во нашите животи и исчезнуваат од нив. Со некои од нив сме биле неразделни, но денес едвај успеваме да се видиме на годишно ниво. 

10-vistini-koi-lugjeto-shto-ischeznaa-od-vashiot-zivot-bu-sakale-da-vi-gi-kazat-001.jpg

Сите оние за кои се каете што исчезнаа од вашиот живот, сигурно би имале барем една од следниве 10 работи да ви кажат:

1. Само затоа што поминало толку многу време без да се видиме, не значи дека не ми се допаѓаш

Сериозно, сите имаат други работи во меѓувреме: излегуваат и со дуги пријатели, имаат зараза од серии па никаде немаат отидено, читаат книги... Се случува до вчера да сте седеле со часови заедно, а веќе поминале месеци откако сте се виделе последен пат. Тоа не менува ништо.

10-vistini-koi-lugjeto-shto-ischeznaa-od-vashiot-zivot-bu-sakale-da-vi-gi-kazat-02


2. Понекогаш поминува толку многу време без да се слушнеме, што ми е непријатно да почнам разговор

Логично е да е чудно со некој со кој сте си кажувале сѐ, одеднаш да стане незгодно да почнете тривијален разговор од типот „што работиш сега“ или „со партнерот уште ли сте заедно“. Ваквото чувство, прави луѓето да се оддалечат уште повеќе.


3. Често нешто ме потсетува на тебе, па сакам да ти се јавам и споделам, но подоцна се зафаќам со друга работа и заборавам, а потоа е веќе доцна

„Леле дечкото што го видов ме потсеќа на нејзиниот симпатија од средно“ ситуација. Ако не се сподели веднаш случката, после тоа се заборава и веќе нема смисла.


4. Или сметам дека не беше толку важно за да те замарам со тоа сега

„Всушност и не е толку важно, само детски спомен е, сигурно нема да го нарушувам мирот со сегашниот партнер“ си велат себеси и не остваруваат комуникација.

10-vistini-koi-lugjeto-shto-ischeznaa-od-vashiot-zivot-bu-sakale-da-vi-gi-kazat-03

5. Понекогаш сакам и да те прашам „како си?“...

Но, се плашам дека ќе заврши со банален разговор „ок, ти?“ и толку ќе биде, а со тебе не сакам таков разговор, па затоа ни тој не го правам.


6. Но, сепак наоѓам начин да се грижам за тебе 

Некои од нас преферираат да одржуваат контакти, да зборуваат секој ден, но, јас ги чувам живи нашите спомени на посебно место. И тоа е доволно за мене ако не можеме да сме исто како што бевме.

10-vistini-koi-lugjeto-shto-ischeznaa-od-vashiot-zivot-bu-sakale-da-vi-gi-kazat-04

7. Дури и да не зборуваме често, те почитувам многу

Мислењето не ми зависи од квантитетот на комуникацијата.


8. Некои од нас не се ни добри во одржување на редовен контакт

Повеќе оставав на тебе да се јавиш, зашто јас сум таков и ме снемува...


9. Некои од нас се резервирани и интровертни

И иако со тебе ми „оди“ муабетот, ја немам таа потреба да се слушаме секој ден. Сите имаме различни начини на искажување на верност кон пријателството.

10-vistini-koi-lugjeto-shto-ischeznaa-od-vashiot-zivot-bu-sakale-da-vi-gi-kazat-05

10. Ти секогаш ќе го држиш рекордот на заеднички непроспиени часови

Кога и да се спомне ова, ме поврзува само со тебе. Ок сме, навистина.

Но, во секој случај, една порака или Фејсбук разговор ќе му дојде како одлично освежување на вашето пријателство! Јавете му се на оној на кого мислевте додека го читавте ова.

Л. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg