Најкреативните изговори со кои вработените си земале слободен ден

Сигурно досега сте се нашле во ситуација да го излажете шефот дека не можете да дојдете на работа, а всушност, тој ден ви се седело дома.

najkreativnite-izgovori-so-koi-vrabotenite-si-zemale-sloboden-den-001.jpg

Сето тоа е во ред ако се случува ретко, но некои луѓе успеваат да измислат такви лаги, што тешко дека некој би им поверувал.

Сепак, мора да признаеме дека дел од нив се навистина креативни, иако повеќето се поврзани со „препорака од лекар“ или „одење на лекар“.

Во продолжение прочитајте ги најинтересните изговори кои вработените им ги кажале на шефовите за да не отидат на работа:

„Маж ми ме заклучи и не можам да влезам дома. Викнав бравар, ама додека да дојде, знаете како е“.

„Кучето ми избега и морам да одам низ населба да го барам“.

„Ме викнаа во полиција да го идентификувам типот што ми го украде паричникот.“

„Синоќа бев излезен во еден ресторан и јадев школки, па сега изгледа имам труење, цело време повраќам и одам во тоалет. Можам да дојдам ама...“

„Ми пукна забот и морам да одам на стоматолог. Сигурно ќе ми требаат неколку денови за да го решам ова. Да работам од дома може?“

„Се враќам од кај баба ми од болница и заглавив во огромна гужва (никогаш не кажувајте дека имало сообраќајка – многу лесно се проверува таква информација).“

„Ме касна пајак на раката. Морам веднаш да одам на лекар да проверам што е.“

„Докторот ми рече дека имам проблеми со очите и не смеам да бидам изложен на зрачењето од компјутерот.“

„Жена ми по грешка ми ги фрлила клучевите од автомобилот во ѓубре, а сега поминаа ѓубреџиите...“

„Комшијата се вселува, па ми ја блокирал вратата со мебел. Нема како да излезам, а не знам кога ќе се вратат работниците.“

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
12 едноставни, но важни совети за среќен и исполнет живот Станете еден час порано - подобро да имате малку време за себе отколку панично д...
„Сфаќам дека сум стар/а затоа што мамурлакот ми трае повеќе од еден ден“ „Сфаќам дека сум стар/а затоа што имам страв дека моите родители стареат и мисла...
„Ја заборавив дома“ – Кој ви беше омилен изговор кога немавте напишано домашна? „Куче ме бркаше додека си одев накај дома... Ми ја зеде тетратката со домашната“...
Луѓе споделуваат работи кои се сосема нормални во нивните земји, но нам ни изгледаат лудо „Во рурална Ирска е сосема нормално да видите деца на 12-14 години како возат тр...
Жени откриваат – Со какви изговори мажите ги избегнуваат обврските низ домот? „Бившиот ми рече дека ја отпуштил хигиеничарката од неговиот дом бидејќи сега ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg