Што ви подарува?

sto-vi-podaruva-povekjeНова година, роденден, годишнина, датуми кои ви значат и ви се посебни. Постојат повеќе различни прилики за партнерот нешто да ви подари. Некогаш и не...

 

...мора да постои посебна причина или датум, туку „само онака“ - еден од најсимпатичнте причини за подарување, едноставно посакал нешто да ви подари.

sto-vi-podaruva

Од неговиот подарок можете да извлечете некои заклучоци - како партнерот ве гледа, што мисли за вас и што очекува од вашиот однос. Значи, што ви подарил?

Чоколадо, бомбониера и слично се чест подарок на почетокот на врската (доколку сакате слатко). Ако веќе некое време сте во врска и обожавате слатки, а тој ви го подари омиленото чоколадо, работата е јасна - доволно ве познава и знае што сакате и баш тоа ви го подарува.

Доколку сте на почеток на врската, подароците од овој тип значат дека тој се обидува да ве импресионира, но сеуште добро не ве познава (па ви подарува нешто што е општо во светот на подароците) и не ве гледа како некој посебен (што со време може да се измени, се разбира).

Ви подарил нешто за што и самиот би сакал да го има.? Тоа зборува за убав однос - тој ве гледа како своја втора идеална половина. Дури и ако тоа не е подарок за кој сте сонувале, секако треба да го цените она што сака да ви го каже со подарокот.

Подарувањето на накит, како и подарувањето чоколади или бомбониера, на извесен начин се општи подароци, но со поинакво значење.

Имено, ако ви подарил накит, смета дека сте убави и сака да го подигне вашиот однос на повисоко ниво. Плус со тоа сака на целиот свет да му покаже дека сте негови и дека се гордее со тоа.

Поклончиња од типот, кадифени играчки некои жени ќе ги сметаат навредливи, затоа што мислат дека партнерот се уште ги смета за девојчиња, а не за жени.

Не грижете се, тој знае дека не сте дете. Можеби се почувствувал малку повеќе сентиментален, а можеби сте со партнер кој сака малку повеќе нежност и на кој не би му пречело да стане татко.

Да нема забуна, плишаното мече или нешто слично за подарок не значи „ајде да правиме бебе“- може да значи и дека сте му се на светот, комплетно семејство и дека е многу среќен сега и овде со вас.

Кои подароци вам ви се најдраги?

Би можело да ве интересира:

Женските маки низ 10 забавни илустрации Како се чувствуваме во оние денови, кога маки мачиме со циклусот? Како изгледа к...
Го удирала брат ѝ, сакала да ги убие родителите: Тажната приказна на Бет Томас која била малтретиран... Кога Бет била посвоена од ново семејство, почнала да се однесува вознемирувачки ...
6 идеи за уникатни новогодишни подароци (со кои не можете да згрешите) Производи со краток рок на траење, како вкусни колачиња, или работи што ќе ја ра...
Зошто треба да ја прифатите вашата „мрачна страна“ и што можете да научите од неа? Дури и да сме најдобрата личност на светот, нормално е да имаме „мрачна страна“ ...
„Сфаќам дека сум стар/а затоа што мамурлакот ми трае повеќе од еден ден“ „Сфаќам дека сум стар/а затоа што имам страв дека моите родители стареат и мисла...
Психички болести и самоубиства - Како проклетството во семејството Хемингвеј се пренесувало со генер... Проклетството во семејството Хемингвеј се пренесувало од колено на колено, а сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg