Од што зависи среќата?

od-sto-zavisi-srekata-povekjeНашата среќа често зависи од други луѓе и од природата на нашите односи со нив. Ако навистина е така, тогаш не е чудно што често пати ни се...


...случува следново: кога еднаш ќе стигнеме на целта, тоа повеќе не ни е важно.

od-sto-zavisi-srekata

Сепак, патот до среќата е вистински потенцијал за бројни позитивни емоции, за уживање во секој момент. Постигнувањето на среќа е совршена можност за самоосознавање. Нашето чувство на задоволство секогаш зависи од потребата да се докажеме и да ги импресионираме другите луѓе, но и себе си.

Зошто науката го потценува значењето на таквите мотиви? Веројатно затоа што нема адекватен начин да ги измери. Понекогаш среќни не’ прави и самото чувство на припадност на некое социјално ниво. Тоа сигурно не е клучна работа, но оние кои воопшто немаат такво чувство сигурно не се вистински среќни и задоволни.

Уживањето во социјалните односи може да биде клучно за создавањето на чувсtво на среќа. Тоа не значи дека за среќа е потребно да се има голем круг на пријатели или богат социјален живот. Сепак познат е фактот дека секому некој му треба. Кога ќе го погледнеме нашиот список на среќни моменти, тој секако има врска со другите луѓе и понекогаш е невозможно да се објасни како туѓите моменти на среќа можат да влијаат на нас.

Наједноставниот начин за постигнување на среќа е да се запомни корисната информација како да се поврземе со друга личност. Кога не сме сигурни што ќе ја направи среќна нашата втора половина, најлесен пат до взаемната среќа е водењето љубов.

Ако седнеме и направиме ранг листа за активностите кои нè исполнуваат, сексот би бил на високо место. Можеби тоа задоволство не би било баш на првото место, но повеќе од извесно е дека задоволувањето на сексуалните потреби би се нашло помеѓу првите пет на листата. Од перспектива на проучување на среќата, сексот можеби е најдобриот практичен совет, како за нашата радост така и за среќата на личноста која ви значи.

Би можело да ве интересира:

„Ја заборавив дома“ – Кој ви беше омилен изговор кога немавте напишано домашна? „Куче ме бркаше додека си одев накај дома... Ми ја зеде тетратката со домашната“...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Колекционери ги покажуваат своите уникатни колекции (фото) Розови калкулатори, разни изданија од една книга, лути сосови – многу луѓе ширум...
Мајка ѝ ја лажела дека има леукемија, ја терала да користи инвалидска количка: Морничавата приказна ... Од раѓање, па сè додека да наполни 19 години, Џипси Роуз била контролирана од ма...
8 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да кажете „НЕ“, без да се чувствувате непријатно Излажете, искористете шега, но бидете и директни ако сте соочени со неучтива лич...
Колку се разликувал животот на родителите од нашиот, низ илустрации За совети го прашуваме Гугл, а кога станува збор за вечера, имаме толку многу оп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg