Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)?

Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секогаш ги бранат и заштитуваат оние кои самите не можат да го сторат тоа. Истовремено, тие се и внимателни слушатели и, на некој начин, се совршени партнери.

kako-da-poznaete-mazh-koj-izgleda-cvrst-i-nedopirliv-a-dlaboko-vo-sebe-e-nezhen-i-chuvstvitelen-01.jpg

Никогаш не треба да го судиме човекот според надворешноста. Некој на прв поглед може да ни изгледа недопирлив и „студен тип“, но во себе да има чувствителна душа.

Секако, не можеме тоа веднаш да го забележиме бидејќи, особено мажите, може да се обидуваат да градат цврста надворешност и заштитен ѕид, но тие покажуваат одредени однесувања кои сепак ги „издаваат“ дека се чувствителни.

А, чувствителноста е мошне добра карактеристика која секој би ја посакал кај својот партнер.

Мажите кои се навидум цврсти, а длабоко во себе чувствителни, вообичаено покажуваат некое од следниве однесувања:

Слушаат длабоко и внимателно

Има голема разлика од тоа на кој начин некој ве сослушува. Мажите кои се чувствителни се истакнуваат по нивното внимателно слушање.

Кога се впуштаат во разговор, тоа за нив не е само пасивна активност, туку чин на емпатија.

Се наведнуваат, нивните очи се фокусирани и не климаат само автоматски со главата, туку ви покажуваат дека се длабоко и вистински внесени во разговорот.

Внимателно ќе ви дадат одговор на сè, ќе ви поставуваат релевантни прашања и ќе запаметат што сте им зборувале.

kako-da-poznaete-mazh-koj-izgleda-cvrst-i-nedopirliv-a-dlaboko-vo-sebe-e-nezhen-i-chuvstvitelen-02.jpg

Ги бранат другите

Чувствителниот маж секогаш ги брани и заштитува оние кои самите не можат да го сторат тоа.

Може да се случи кога некој колега е неправедно критикуван на работа, тој да укаже на тоа колку напорно работел и зошто не ги заслужува тие критики.

Или, може да застанат во одбрана на личност која не е присутна, а е озборувана или понижувана. Каква и да е ситуацијата, тие секогаш се борат против неправдите, имаат емпатија и покажуваат добрина.

kako-da-poznaete-mazh-koj-izgleda-cvrst-i-nedopirliv-a-dlaboko-vo-sebe-e-nezhen-i-chuvstvitelen-03.jpg

Даваат неочекувани подароци со голема емотивна вредност

Во свет каде што владее материјализмот, давањето скромни, но важни подароци, е доказ за тоа колку една личност е посветена и чувствителна. Не се работи за тоа колкава цена ќе се плати, туку станува збор за самиот гест.

Со тоа што мажот ќе ја запамети вашата омилена книга и ќе ви ја подари неочекувано, тој ја покажува својата длабока емоционална интелигенција.

Овие гестови покажуваат дека е грижлив и способен да ги памети малите детали кои им носат радост на другите.

kako-da-poznaete-mazh-koj-izgleda-cvrst-i-nedopirliv-a-dlaboko-vo-sebe-e-nezhen-i-chuvstvitelen-04.jpg

Своите емоции ги споделуваат само приватно

Кога се пред повеќе луѓе, мажите може да бидат резервирани и да даваат груби одговори кога ќе ги прашаат за нивниот личен живот.

Но, кога се со блиските, тие наоѓаат храброст и споделуваат аспекти од себе, скриени од поширокиот свет.

kako-da-poznaete-mazh-koj-izgleda-cvrst-i-nedopirliv-a-dlaboko-vo-sebe-e-nezhen-i-chuvstvitelen-05.jpg

Продолжува на следната страница ...



Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg