Станете мајстор во кревет: 8 секс заблуди во кои мажите слепо веруваат

Младите мажи најчесто се образуваат од сомнителна секс литература и порно филмови, па не е ни чудо што сè уште веруваат во овие 8 секс заблуди.

stanete-majstor-vo-krevet-8-seks-zabludi-vo-koi-mazite-slepo-veruvaat-01.jpg

Големината е важна

Вашиот пенис е предолг или прекраток? Не е важно! Фамозната Г-точка е сместена само на 2 до 3 сантиметри длабочина во вагината, а клиторисот кој обично се смета на точка за најголемо задоволство е потполно надвор од вагината. Затоа, не се грижете. Доволно сте надарени за да ја задоволите.


Мисионерската поза е досадна

Мислите дека во порно филмовите никогаш не ја практикуваат мисионерската затоа што е досадна? Грешка! Таа е најтешка за снимање, затоа и речиси да ја нема. Сепак, сосема е нормална и удобна за паровите кои сакаат да го достигнат задоволството. Нејзина предност е што можете да издржите подолго, без да ве заболи било кој дел од телото.


Ако таа не доживее оргазам - вие сте криви

Околу 30% од жените признале дека никогаш не можат да доживеат вагинален оргазам, но тоа не е по ваша вина. Тоа би требало да го знаете и двајцата. Ослободете се од притисокот, променете ја динамиката и истражете го телото - тоа е единствениот рецепт кој ќе ви помогне.


Жените сакаат да бидат горе

Изгледа дека овој мит може да биде вистина. Девојките сакаат кога доминираат, но реалноста покажува дека најлесниот пат до оргазмот се позите во кои таа е на грб или на стомак. Затоа, ако не уживате во нејзиното „јавање“ намалете го практикувањето на оваа поза.

stanete-majstor-vo-krevet-8-seks-zabludi-vo-koi-mazite-slepo-veruvaat-02.jpg

Таа ви овозможува одличен орален секс

Речиси секој маж барем еднаш во животот се пофалил колку добар орален секс добил од партнерката. Меѓутоа, враќањето на услугата е многу потешко. Затоа престанете да се фалите и развијте ги способностите. Фатете се за работа и научете како да ја доведете до лудило.


Машка Г-точка

Овој мит е веројатно вистинит, сепак, не е неопходно да лутате за да постигнете оргазам. Самиот секс е доволен, без да лутате кон недопрените места.


Таа знае што сака

Она што им се допаѓа на жените, не значи и дека го сакаат. Тие си го познаваат телото малку подобро од вас, но сепак не сите знаат како да ви го кажат тоа. Затоа наместо да бидете сигурни дека знаете сè, разработете неколку нови вештини и пробајте нови движења.


Жените се скриени порно актерки

Не, не се. Не се обидувајте да реализирате некоја секс сцена, посебно ако вашата девојка ве гледа заљубено во очи. Ако ви е до изживување, набавете си секс кукла.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg