Откријте: Каков тип на заводничка сте?

Успешни сте во заведувањето или мажите ретко ве забележуваат? Љубовните терапевти сметаат дека постојат 5 типови заводнички, а поред карактеристиките сега многу лесно може да откриете во која група спаѓате.

otkrijte-kakov-tip-na-zavodnicka-ste-01.jpg

Физичка - Убава сум, згодна и имам што да покажам е мотото на жените кои освојуваат врз база на физичкиот изглед. Атрактивната фасада е она што мажите прво го забележуваат кај нив, а со говорот на телото јасно откриваат што сакаат. Без проблем ги галат мажите и провокативно ги гледаат додека разговараат, со еден збор обожаваат физички да флертуваат. Во некои случаи може да запали, но почесто овој тип на заведување не дава добри резултати. Безобразните заводнички многу често се во заблуда дека оставиле добар впечаток со провокациите кои ги приредиле, без да знаат дека мажите ги сметаат за девојки за една ноќ. Затоа, смирете се и застанете цврсто на земја пред да биде доцна.


Пристојна
- Тоа се дами со конзервативни ставови, често пати груби и крути во односот со спротивниот пол. Ретко се шегуваат, уште поретко прават двосмислени разговори, а ги избегнуваат секс темите. Многу внимаваат на облеката, не носат кратко, тесно или деколтирано. Ласкањето и баналните комплименти не им одговараат, а уживаат во долги и сериозни врски. Сепак, помеѓу овие пристојни заводнички се кријат вистински лавици. Мажите ретко забележуваат дека се мета на флерт, додека не се фатат во стапицата и не се заљубат во пристојната девојка. Во современите машко-женски односи би било подобро да се опуштите, тоа е единствениот совет.


Играч
- Заведувањето го доживуваат како игра. Симпатични се, сакаат да се дружат и да разговараат со момците. Флертуваат природно, како што дишат, сакаат да освојуваат и кршат срца. Заради немирната природа често имаат проблем со емотивните врски и ретко успеваат да задржат еден партнер подолго време. Најдобро би било флертот да го насочите кон еден маж ако сакате да го задржите покрај себе, наместо да кокетирате со сите наоколу.


Искрена
- Игра на карта на емоции, па уште на првиот состанок открива сè за себе со надеж дека така ќе се зближи со посакуваниот партнер. Верува во духовната поврзаност и приказните за сродна душа. Сепак, деталите кои ги споделувате може да бидат нож со две острици. Личноста со која седите треба да се почувствува сакано, а не како да е на психијатар. Многу од мажите ги одбиваат овие исповеди. Затоа забавете малку, интимните детали сочувајте ги за подоцна.


Традиционална
- Таа очекува мажот прв да се јави, да се додворува, да ја плати сметката, да ја повлече столицата, да и ја понуда јакната ако и е студено... Иако живееме во 21 век, голем дел од жените имаат традиционален пристап во заведувањето. Иако поголем дел од Балканците го сакаат овој тип на жени, имаат проблем со пасивноста. Ако тој го направи првиот чекор, нема да му пречи вие да го направите следниот. Не чекајте постојано.

Би можело да ве интересира:

„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg