Зошто ги изневеруваме луѓето кои ги сакаме?

Кога сме вљубени, саканата личност станува центар на нашиот свет. Чувствуваме интензивна потреба да бидеме со таа личност, не само сексуално туку и емотивно. Знаеме дека саканиот има мани, но свесно ги игнорираме недостатоците а се фокусираме на оние работи кои ни се допаѓаат.

zosto-gi-izneveruvame-lugeto-koi-gi-sakame-01.jpg

Истражувањата покажуваат дека љубовта делува како мотивација и во мозокот го активира системот за награда.

Тогаш штом чувството да си вљубен е толку прекрасно, зошто ја изневеруваме личноста која ја сакаме?

Биолошкиот антрополог Хелен Фишер има објаснување зошто луѓето ги изневеруваат оние кои ги сакаат. Таа и нејзиниот тим научници направиле експеримент во кој ги скенирале мозоците на луѓето кои биле вљубени. На испитаниците прво им биле покажани слики на странци а потоа им биле дадени слики од нивните партнери.

Научниците утврдиле дека кога вљубените гледале во сликите на оние кои ги сакаат, во нивниот мозок се активирал центарот за награда, односно истиот дел од мозокот кој се „пали“ кога некој ќе земе кокаин или ќе доживее оргазам. Ова докажува дека романтичната љубов не е емоција, туку е биолошки порив, потреба посилна дури и од сексуалниот нагон.

Проблемот е што романтичната љубов не е единствениот мозочен центар кој се активира кога некој ќе ни се допадне. Дури три мозочни центри се поврзани со љубовта. Сексуалниот нагон функционира како „неподнослив нервен јадеж“ за да не натера да најдеме што поголем број на различни партнер кои ќе ни помогнат да ги пренесеме сопствените гени на наредните генерации. Романтичната љубов ни помага да ја насочиме желбата за размножување кон само еден партнер. И на крај, тука е поврзаноста, мирот и сигурноста која ја чувствуваме кога сме во долга врска со стабилен партнер со кој можеме заедно да ги одгледуваме децата.

За жал, овие три центри не секогаш се поврзани меѓу себе и тука настануваат проблемите.

Можно е да чувствуваме поврзаност кон партнерот и во исто време да чувствуваме силна сексуална привлечност спрема друга личност и притоа да бидеме вљубени во сосем трет човек. Или накратко, способни сме да сакаме повеќе личност во исто време.

Во ова видео Хелен објаснува како е можно некој да лежи покрај својот долгогодишен партнер, додека размислува за некој сосема друг:

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg