Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


6 причини зошто девојките со тетоважи се одлични љубовници

Тетовираните девојки се мистериозни, интелегентни и интригантни. Нема ништо посекси од тетовирана девојка. Кога нашите очи ќе се задржат на тетоважата, инстинктивно стануваме љубопитни и сакаме да дознаеме повеќе за девојката. 

ljubov-i-bolka-6-pricini-zosto-devojkite-so-tetovazi-se-odlicni-ljubovnici-0

Тетовираните девојки се толку различни една од друга, но едно нешто ги поврзува сите - тие се одлични љубовници.

1. Не се плашат од „засекогаш“

Тетоважата е нешто што секогаш ќе го носиш со себе, каде и да одиш, што и да правиш, до крајот на животот. Само онаа девојка која не се плаши од концептот на „засекогаш“ би се осмелила да направи нешто толку трајно како тетоважа.

Живееме во свет каде владее нерешителност, луѓето цело време бараат нешто ново и подобро. Многумина не можат да одлучат во кој ресторан сакаат да одат да јадат, а камоли да решат да се врзат за некого во сериозна врска.

Во моментот кога решила да ја стави првата тетоважа, таа се соочила и се помирила со идеjата за „засекогаш“. Тетовираната девојка надолго и нашироко го има разгледано поимот за  трајност и го има прифатено во целост. Толку поради ова, девојката со тетоважи е толку освежувачки поразлична од останатите кои постојано се во потрага по нешто ново.


2. Удобно им е да им биде неудобно

Сите кои се имаат тетовирано знаат колку е непријатен самиот чин на тетовирање, кој понекогаш може да трае со часови. Тетовираните девојки го имаат тоа што е потребно да за можат да издржат дури и тогаш кога им е непријатно.

Способноста да направат да им биде удобно и во оние моменти кога очигледно не им е удобно е одлична карактеристика бидејќи тоа значи девојката дека не е „плачка“ која сака животот да и биде составен од постелнина од египетски памук и луксузни свилени перничиња. Таа е опасна фраерка која може со сè да се снајде, било тоа да е кампување во дивина, планинарење или обично одење на кафе.

ljubov-i-bolka-6-pricini-zosto-devojkite-so-tetovazi-se-odlicni-ljubovnici-1

3. Нејзиното тело е украсено со сеќавања

Тетоважите служат како маркери на животот. Тетоважата никогаш не е обичен цртеж, туку претставува отелотворение на конкретен период од нејзниниот животот кој е толку значаен за неа што таа го овековечила на нејзината кожа за НИКОГАШ да не ги заборави лекциите и вистините кои тогаш ги научила.

Фасцинантно е да се допира тело кои се составено од искуство и сеќавања. Сексот е најдобар кога е богат со содржина, тогаш достигнува нови нивоа и се протега во сензации кои не сте ни знаеле дека се можни. Кога допирате тетовирана девојка, вие се запознавате со длабочнината на нејзиниот живот и нема подобар афродизијак од тоа.


4. Не се плаши да чувствува

Колку пати сте слушнале некоја девојка да каже „ Ах, би сакала да се тетовирам, но страв ми е од болката.“ Страв и е од болката?

Тетовираните девојки никогаш не би пропуштиле да направат нешто ново само бидејќи им е страв од болката.

Вистинската храброст е да знаеш дека нешто може да боли, но сепак да го направиш. Овој пристап тетовираните девојки го практикуваат и во љубовта, тие не се плашат да ризикуваат. Ако ве одбие, знајте дека таа не ве одбила поради стравот дека емотивно ќе ја повредите.

Девојките украсени со мастило се паметни и мудри, тие разбираат дека и болката е дел од убавината на животот. Како што светлината не може да постои без темнина, така и лошите работи се дел од балансот на светот. Девојките со тетоважи ги прифаќаат сите чувства, дури и непријатните.

ljubov-i-bolka-6-pricini-zosto-devojkite-so-tetovazi-se-odlicni-ljubovnici-2

5. Знае што сака

Момци, позната ви е следнава ситуација?

Тој: Каде би сакала да одиме на вечера?

Таа: Не знаам.

Тој: Што ти се јаде?

Таа: Не знаааам.

Тој:  Гладна си?

Таа: Не знаааааам...

Сите сме излегуваме со ваква девојка, и да, ужасно многу фрустрира ваквата нерешителност. Како дотичната сосема да го има загубено допирот со нејзините основни потреби и желби. 

Тетовираните девојки не се однесуваат вака глупаво, тие знаат што сакаат. Тие имаат одлучено каква тетоважа сакаат да носат на себе до крајот на животот и затоа одлуката каде да одат на вечера за нив е песна.

Тетовираната девојка знае точно што сака и кажи колку е супер што таа токму тебе те сака.

ljubov-i-bolka-6-pricini-zosto-devojkite-so-tetovazi-se-odlicni-ljubovnici-3

6. Автентична е

Тетоважите му го покажуваат на светот нашиот идентитет. Тие кажуваат кои сме без притоа да има потреба да кажеме збор.

Луѓето кои имаат тетоважи се оригинални, автентични и не се плашат тоа да го покажат. Тетоважата не е нешто што можеш да го тргнеш ако не им се допадне на другите, таа е тука да остане за навек.

Нескротлива е онаа жена која преку мастилото на нејзиното тело му покажува на светот дека е прекрасна, силна, бестрашна. Тоа е вистински чин на автентичност - преку тетоважите, таа ја соголува душата, се покажува во целост пред останатите.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg