Што кога не можете да преболите некоја личност?

Мирно стоев чекајќи го својот ред во супермаркетот за бргу да си ја подготвам замрзнатата пица. Бев вистинска визија за сечиј поглед. Носев обична памучна маичка и тесни панталони и погледите кои се замрзнуваа во моите очи добро ги забележував.

shto-koga-ne-mozete-da-prebolite-nekoja-licnost-01

Конечно дојде и мојот ред и го платив производот за кој чекав ред. Си размислував околу тоа како во мојот живот сите коцки се наредени совршено и одеднаш ја погледнав личноста која беше следна на ред.

Постара личност со темно кафеави очи која личи на Дедо Мраз кој се одлучил да намали на дневната консумација на калории. Длабок глас кој е комбинација и резултат од цигарите и возраста.

Посакав да го гушнам. Знам дека звучи чудно, но едноставно тоа беше помислата која ми се сврти во глава.

Го слушав како разговара со касиерката и сфатив дека тој е постојано тука. Погледите многупати си ги размениле. Разговараа како да се знаат со години.

Тој купуваше само две чоколади. „За твојата жена нели?“ – го праша касиерката. Тој се насмевна и со длабокиот глас во баритон и одговори: „Знаеш, ги обожава овие мали задоволства“.

„Баш е слатко што постојано мислиш на неа“.

Неговото лице одеднаш еруптираше во гримаса која ме натера повторно да си замислам како го гушкам. И тука одеднаш почувствував топење во моите екстремитети. Посакав да се соединам со земјата. Затоа што сето тоа беше преслатко. Тој ја сакаше неа и таа него.

Љубовта е чудна работа. Љубовта ни станува опсесија мигот штом ја изгубиме.

Се прашувам дали е по малку како водата: нешто што го земаме здраво за готово, а без него не можете да преживееме. Ги регенерираме телата со неа. Пливаме во неа. Можеме дури и да се удавиме во неа и ако никој не внимава, можеме да дојдеме и до дното на океаните.

Но, што ако ја нема?

Што ако одеднаш се најдеме во пустина со ништо друго освен фантазиите и привиденијата? Што кога започнува да отчукува часовникот на жедта?

Кога сушата надоаѓа добро е да запомниме како изгледала водата.

Тогаш таа станува оној дух кој бескрајно ве прогонува. Кој постојано ви испраќа пораки. Прогонувачки сеќавања кои постојано ви стојат на врв на јазик и посакуваат да станат реалност.

Oстануваат оние сеќавања кои целосно ве разрушуваат кога чекате ред во супермаркетот и одеднаш доволно силно ве преплавуваат за да се удавите во нив.

За повеќето од нас, една личност останува во нас и нашите сеќавања со одредени зборови, фрази и изрази. Може тоа да е личноста од која стравувате дека никогаш нема да ја заборавите. Личноста која ги прогонува вашите мисли.

Тука постој силен притисок за да ја преболите таа личност.

Придвижете се нанапред!

Прошетајте!

Состанувајте се со некој нов!

Фрлете ги сите работи кои ве потсетуваат на личноста!

Решете по некој квиз!

Анализирајте ја сопствената личност со онлајн бесплатни тестови!

Направете нешто! Било што! Направете го сево ова!

Но, празните зборови некако полека но сигурно се губат. Нели? Одеднаш стануваат трака која бледее. Која испарува во воздухот.

Бараме работи кои не можеме да ги добиеме. И можеби е сосема во ред да не можеме да ја преболите таа личност. Можеби е сосема во ред што оставила така впечатлива трага во вашите срца.

Можеби ви се чини како да грешите. Можеби ви се чини како сето тоа да е ваша вина.

Но, што ако тоа не е вистина? Што ако е сосема во ред да ги носиме делчињата од сите оние кои некогаш пополнувале место во нашето срце? Што ако е сосема во ред да ги оставиме сите атоми и молекули кои преостанале слободно да вибрираат во нас?

Ние сме една голема приказна. Насобрани искуства и болки. Не сме губитоци и луѓе кои се засекогаш изгубени.

Дури и оние добро истренираните имаат по нешто во себе. Нешто што стои во темнината. Во најмрачните мисли.

Така што, ако стравувате дека не е добро, дека е штетно по вашето здравје, штетно за вашата душа и психа што не ја заборавате личноста која стои во темнината на вашите мисли, знајте дека грешите.

Нема потреба премногу да се грижите.

Важно е што сè уште постоите и дишете.

И можеби ви се чини како да се распаѓате во тагата, но знајте дека и покрај се, вие сте компактна целина. Приказна од безброј губитоци. Приказна од безброј искуства. Приказна од безброј загубени личности.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg