Каде грешат жените во сексот?

kade-gresat-zenite-vo-seksot-povekjeПо најчестите грешки на мажите во сексот, на ваше барање следува листата со најчести женски грешки за време на љубовните игри. Дами, бидете...


...искрени: кога сте незадоволни со својот сексуален живот, обично првин правите попис на грешките што ги прави партнерот.

Вистина е дека мажите не го разбираат баш женскиот начин на размислување и женското тело, па може да бидат лесна мета кога треба некој да се обвини за недостаток на сексуално задоволство, но мора да се знае дека за игра се потребни двајца.

Затоа, прочитајте ги шесте најчести грешки што ги прават жените за време на сексот:

kade-gresat-zenite-vo-seksot

Никогаш не сте иницијатор за секс. Повеќето жени сè уште се под влијание на однесувањето што им се припишува на дамите од минатото столетие. Не сакаат да излезат премногу наметливи или агресивни. Иницијатори за сексот претежно се мажите, што пак кај нив создава чувство на нерамнотежа во сексуалната желба. Им се чини дека воопшто не се посакувани. Мажите сакаат да бидат предмет на сексуална желба исто како и жените. Затоа, од време на време и жените треба да покажат желба да го направат првиот чекор. Ќе остават добар впечаток на партнерот и ќе имаат контрола над своето сексуално задоволство.

Премногу се грижите за сопствениот изглед. За време на сексот размислувањето за тоа како изгледате не е баш најдобра работа. Тоа ќе ве спречи во потполност да се опуштите и да уживате. Вашата нелагодност сигурно ќе ја забележи партнерот, па и неговото уживање ќе биде доведено во прашање. Најдобро сконцентрирајте се на своите чувства и моментите на уживање. Мажите сакаат нивните жени за време на сексот  да ги заборават секојдневните тешкотии и грижи и во потполност да му се предадат на моментот. Немојте да мислите на дебелото меше, или размачканата шминка, затоа што повеќето недостатоци со кои што сте опседнати, мажите за време на сексот воопшто не ги приметуваат.

Претпоставувате дека сексот за мажот не е голема работа. Морате да заборавите на застарените претпоставки дека сексот за мажот не е ништо друго освен уште една убава телесна активност. За повеќето мажи сексот преставува многу значаен чин, затоа не смеете да го минимизирате неговото значење од негова перспектива. Според едни испитувања дури 52% од мажите се послужиле со можноста за секс како начин за почеток на подолга врска, а тоа им успеало само на третина од нив. И што е поентата тука? Никогаш не препоставувајте дека мажот не е романтичен и дека му е само до секс, а не и до вас.

Уверени сте дека мажот секогаш е расположен за секс. Се разбира дека повеќето тинејџери се подготвени за секс било каде и било кога, но кај мажите тоа не е случај. Секојдневните притисоци - стрес на работа, семејство, сметки - можат да го уништат машкото либидо. Многу жени неговата неподготвеност за секс непријатно ќе ги изненади бидејќи тоа го сфаќаат премногу лично. Фактот дека нивниот партнер не е расположен за секс токлу ги шокира што не можат да поверуваат. Иако самите добро знаат дека и тие не се секогаш расположени за секс иако го сакаат својот партнер, неговото одбивање го толкуваат како нивна недоволна привлечност. Не е вистина: едноставно не му е до секс.

Не му кажувате што сакате. Отворениот разговор за сексот и за тоа што ни се допаѓа а што не, може да биде многу непријатен, дури и ако сме подолго време во врска со партнерот. Сепак, тоа е единствениот начин за подобрување или сочувување на сексуалното задоволство. Жената мора да превземе одговорност за своето сексуално задоволство затоа што и најдобриот љубовник не може сексуално да ја задоволи ако таа не му каже како. Кажете им како да го направат тоа, а при тоа да не го повредите нивното его. Верувајте мажите знаат да слушаат, само ако сте доволно непосредни и јасни за тоа што го сакате.

Се лутите кога ќе ви предложат нешто ново. Кога парот е веќе некое време заедно, логично е да сака да го збогати својот сексуален живот со некои жешки новитети. Фактот, мажот да сака да се обиде со нешто ново не значи дека тој е незадоволен со вас или вашиот сексуален живот. На кратко: немојте тоа да го сфаќате лично. Но, сепак останете во границите на она што е прифатливо.

Никој не смее да ве присили на нешто што ви се чини неморалнио или ненормално. Пристојно, но одлучно, одбијте ги таквите предлози и јасно кажете ги причините. Ако новоста не е морално спорна, но сепак не би ја примениле, кажете му го тоа и замолете го за разбирање. На двосмислените предлози немојте да реагирате премногу бурно, размислете првин. Обидите не се грев.

Би можело да ве интересира:

Совети и пози за тивок секс, за кога не сте сами дома (18+) Пуштете музика или телевизор и одберете поза која не бара многу движење на креве...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...
Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...
Совети како да се зближите со партнерот на едно поинтимно ниво Интимноста е важен фактор за изградба на квалитетна и долготрајна врска. Колку с...
7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg