Како да победите плејбој?

kako-da-pobedite-plejboj-povekjeПлејбој: со други зборови, професионален заводник. Денес ги има сè помалку, па затоа е и тешко да се сретнат. Некогаш се сметале за ловци...


...непоправливи освојувачи на женските срца – а денес, кога жените се поактивни и сакаат да испробаат сè и сешто, стануваат и плен, барем на оние припадници на „понежниот пол“ кои  би сакале се да испробаат, па и нив.

Вакви игри, емотивно, може да бидат опасни, па ако сте со идеа да „испробате плејбој“, еве кои се најчестите типови и како да излезете на крај со нив. Доколку немате желба за такви игри, овој текст може да ви послужи за забава (во секој случај пожелно е овој текст да не го сфатите сериозно).

Значи, какви сè плејбои има и како да ги победите?

kako-da-pobedite-plejboj

Тип 1: Неизлечив Петар Пан. Некогаш се работи за дваесетгодишници, некогаш за четириесетгодишници. Во секој случај, овој тип има неодолив детски шарм. Обожуваат плејстејшн или некоја друга конзола, обожуваат сноубордови, брзи мотори... По сите лудувања, ќе се вратат дома, кај својата мајка – баш како дете. Освојувањето на девојка, се разбира, е уште една од игрите, а по играта ќе и се вратат на мајката, затоа што повеќе им се допаѓа некој да ги води отколку самите да преземат одговорност. Ваквите мажи се неверни и постојано доцнат. Ако сакате да ги приземјите, прошетајте пред нив во друштво со помлад од нив; ако сакате навистина да ги изнервирате, победете ги во омилената игра.

Тип 2: Разгален милијардер. Нивната коса редовно е прошарана со бели влакна, што многу добро се вклопува со исончаниот тен. Ако се оженат, нема да бидат верни, ако забремените со нив, не очекувајте да ви понудат брак. Не сакаат одговорност. Колку и да сте убави, кога ќе ве освојат (или вие ги освоите нив) не очекувајте дека тоа ќе ги задржи со вас – премногу убавици продефилирале низ неговиот живот. Доколку сакате да задржите ваков маж, единствено ефикасно оружје е мозокот; по толку убави девојки кои ги завеле, веројатно ќе им годи да бидат со некоја интелигентна.

Тип 3: Егоистичен метросексуалец (не секој метросексуалец е егоистичен, ниту плејбој). По правило, ваквиот тип изгледа фантастично и секојпат е негуван. Козметичарките и фризерките ги посетува почесто од жените, гардеробата му е  секогаш беспрекорна и во тренд, телото во совршена форма. Не е реткост да е оженет или да е „сто години“ верен со најблиската соработничка. Тоа секако не му пречи и понатаму да освојува жени кога и како стигне, бидејќи тоа е уште една потврда за неговиот феноменален изглед. Ваквиот плејбој можете да го направите несреќен ако му го украдете несесерот со козметички прибор. Доколку сакате да го освоите, прво распрашајте се кој му е козметичар и фризер.

Тип 4: Тестостеронски натпреварувач. Овој тип мора секогаш да биде прв, инаку е многу нерасположен. Тој е изразито спортски тип, можеби не многу образован, но има завидни стомачни мускули. Најчесто е млад, убав и циничен. Освојувањето на жени, како и сè друго во неговиот живот, е спорт, а најчесто ги бара по дискотеките, набљудувајќи ги од сепаре. Ги освојува со поглед право во очи, јасен и недвосмислен; игнорирањето на тој поглед – не го прифаќа. Доколку го сакате за себе, морате да му покажете дека сте способни во нешто да го победите, инаку со вас ќе биде неколку ноќи и ќе отиде во нови „спортски победи“.

Тип 5: Невино суштество. Тој делува така срамежливо, така слатко... Не ве гледа право во очи, секогаш делува збунето и како да сака да е на друго место, некаде каде што би бил во центар на внимание. Тоа е најопасниот тип, затоа што кај жените ќе ја разбуди нежноста и желбата да го заштитат и да се грижат за него. Еднаш кога тоа ќе се случи, почнуваат со невнимателно и егоистично однесување – се сопнува од вашите работи, „заборава“ да ве однесе дома, „заборава“ дека е со вас, па ќе го затекнете како флертува (ако само флертува) со некоја друга...

На кратко: непоправлив измамник и лажно невино суштество. Можно е да ги победите – со негово оружје. Кога е тој срамежлив, вие бидете потполно затворени, кога е тој трапав, „случајно“ скршете нешто негово или нагазете го или нешто слично... Ако навистина ви се допаѓа, преземете иницијатива и бакнете го – тој само тоа го чека.

Би можело да ве интересира:

Видови контрацепција: Што е најефикасно + кои се предностите и недостатоците? Поимот контрацепција ги опфаќа сите средства и методи кои го спречуваат зачнувањ...
Секс поза „вагон“ – за оние кои сакаат да фантазираат за време на интимниот чин (18+) Доколку сте од оние кои сакаат да фантазираат за време на интимните мигови, оваа...
Ножички со седење – секс поза во која жената има целосна контрола (18+) Можеби сте ја пробале секс позата „ножички“, но дали некогаш сте пробале „ножичк...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
„Го изневерувам дечкото секогаш кога одам на одмор, во странство важат други правила“ Жена од Англија смета дека е во ред да го изневерува партнерот кога е на одмор, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg