Пријдете и на девојка во група

prijdete-i-na-devojka-vo-grupa-povekjeДевојките кои што во петок навечер се движат во групи секогаш се извор на нервоза кај мажите. Кога девојката што ви се допаѓа излезе со другарките...


...ви се чини дека е недостапна и дека било какво „стартување“ е невозможно.

Со војнички речник кажано, одбрамбената сила на нејзината група е бројно поголема од вашата сила за напад.

prijdete-i-na-devojka-vo-grupa

Постојат предрасуди дека на жените во група не треба да им се приоѓа затоа што женските вечери и онака се резервирани за озборување на мажите, па како припадник на „инфериорна“ група само би биле подложени на потсмев доколку им се приближите.

Секако, тоа не е точно. Тоа е ефтин изговор за оние што немаат доволно храброст. Инфилтрирањето во „женската тврдина“ можеби преставува тешка мисија, но не и невозможна.

Наместо да размислувате како типичен лузер, размислувајте победнички: ако бидете единствениот маж во друштвото, нема да има конкуренција ниту пак некој може да ви ги искомплицира работите.

Сега замислете си го бојното поле. Во кафуле со друштво. Таа стои покрај шанкот, околу неа еден куп другарки.

Го фаќате нејзиниот поглед и почнува играта помеѓу вас: таа ја зафрла главата наназад смеејќи се и повторно ве погледнува. Што сега, се прашувате? Да е сама, би било многу полесно, но вака...

Набљудувајте ги нејзините пријателки. Како да го прескокнете ѕидот наречен, нејзини другарки и да стигнете до неа?

Првото стратешко правило гласи: разговарајте со сите од нејзиното друштво. Ќе ви биде полесно да ја освоите доколку нејзините другарки ве почитуваат. Кога ќе решите да им се обратите, обратете им се на сите.

Потрудете се да им се допаднете на сите и на тој начин да го спуштите нивниот колективен гард. Секао, тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Сепак, се што вреди во животот е ризично, зарем не?

Наместо стандардно шармирање на една девојка, сега треба да се умножи тој процес. Бидете љубезни, воспитани и пресретливи. Поставувајте многу прашања така да повеќето време тие зборуваат. Постепено можете да се фокусирате на девојката која е предмет на вашиот интерес, но немојте да брзате.

Доколку ова ви делува неизводливо, постои и поедноставен начин. Приближете и се на една од девојките, едноставно поздравете се и почнете неврзан пријателски разговор.

Потоа разговорот насочете го во обид да ја запознаете девојката што ви се допаѓа. Кажете нешто како: „Со кого си ти овде?“, „А кои ти се овие пријатели?“ или „Изгледа твојата другака се досадува. Како се вика?“

Ако баш немате нерви за вакви игри, тогаш обидете се да ја уловите девојката што ви се допаѓа кога е сама. Тоа може да биде на враќање од тоалет или кога оди по уште еден пијалок.

Морате да бидете брзи затоа што таа ќе сака што побргу да се врати во „базата“. Дури можеби, најдобро е веднаш да и кажете дека едвај чекавте да биде сама за да можете да позборувате.

Нејзините другарки можете да ги елиминирате и ако ги пратите другарите да зборуваат со нив. Додека тие си муабетат ќе иамте повеќе можност да и се посветите на онаа што ви се допаднала, наместо да ги шармирате сите со ред.

Постои уште еден начин – можете да се обидете да ја одвоите од групата. Речете и дека имате нешто да и кажете и дека сакате да поразговарате на само, или уште подобро прашајте ги нејзините другарки дали смеете да ја позајмите за момент.

Додека разговарате со неа, кажете и... на пример, дека ви се допаѓа нејзиниот фустан, начинот на кој игра или се смее. Подгответе уште нешто за што ќе зборувате по комлиментите.

Верувајте во себе и испробајте си ја среќата. Доколку не успеете, барем ќе имате едно искуство повеќе.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg