Мудра жена има супер порака до оние кои постојано прашуваат: Кога планираш дете?

Една млада жена, Емили Бингам, била изморена од прашањето „кога планираш да имаш деца?“, па решила одговорот да го сподели на Фејсбук. Но, она што не очекувала било дека истиот вирално ќе се прошири и ќе има огромен ефект на жените ширум светот.

mudra-zena-ima-super-poraka-do-onie-koi-postojano-prasuvaat-koga-planiras-dete-01.jpg

На 20-ти септември Емили споделила фотка од ултразвук која ја нашла на Google за да го привлече вниманието на пријателите, по што следувала порака:

„Сега кога го добив вашето внимание со оваа слика од ултразвук која ја најдов на Google, ова е само пријателско предупредување дека туѓите репродуктивни планови и одлуки не се ваша работа. НЕ СЕ ВАША РАБОТА!

Пред да прашате некој млад брачен пар кој долго е заедно, кога конечно ќе создаде семејство... Пред да ги прашате родителите на едно дете кога пристигнува малото братче или сестриче... Пред да прашате сингл 30-годишен човек кога и дали планира деца, затоа што знаете, часовникот отчукува... Престанете. Само престанете.

Никогаш не знаете кој се соочува со неплодност, или жали по спонтаниот абортус кој се случил или едноставно има здравствени проблеми. Не знаете кој има проблеми во врската, или е под притисок и едноставно тајмингот не е вистински.

Не знаете кој е во дилема дали сака да има деца, или да има повеќе деца. Не знаете кој одлучил дека сега не е време за дете, или дека никогаш нема да биде време.

Не знаете како вашето навидум невино прашање може да предизвика тага, болка, стрес и фрустрација.

Се разбира, кај некои луѓе нема да предизвика негативни емоции, но од мое искуство и искуството на моите блиски пријатели, можам да ви кажам дека големи се шансите да предизвика загриженост.

Заклучокот е: Без разлика дали сакате да станете баба или дедо, или само го поставувате прашањето затоа што сте добронамерен пријател, не е ваша работа. Наместо тоа, прашајте за што се возбудени. Прашајте ги кој е најдобриот дел од денот кој им се случил. Ако личноста сака да ви каже нешто за плановите поврзани со децата, ќе ви каже. Ако сте само љубопитни, единствената работа која може да ја направите е да седите и чекате тие да го направат својот избор, дали се подготвени или не.“

Би можело да ве интересира:

Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Спирала како средство за заштита од бременост – Што треба да знаете пред да ја користите? Лесно се вметнува, обезбедува заштита од бременост, но не ве штити од полово пре...
Не, моето дете не мора да ги дели играчките со вашите деца! „Дај му ја играчката на Лука, ќе си поигра и ќе ти ја врати“, „Нека го повози ма...
13 предизвици со кои се соочуваат жените во бременоста и на породилно (без да знаат однапред) Заборавете на фразите од типот „никогаш нема да носам градник без push-up“ – ќе ...
Постпородилна депресија: Причини и симптоми Раѓањето дете и неговото одгледување се навистина интензивен и чувствителен пери...
Психолошки трикови за да го натерате детето да ве слуша, низ илустрации Наместо да му наредувате дајте му избор. Наместо да го критикувате – пофалете го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg