Како да се заштитите и разладите за време на топлотен бран?

Знаевте ли дека лутата храна може да ви помогне да се разладите? Како да ги преживеете најжешките денови од летото?

kako-da-se-zashtitite-i-razladite-za-vreme-na-toploten-bran-01.jpg

Секоја летна сезона се соочуваме со барем еден топлотен бран – период на многу високи температури кои можат да бидат и опасни.

Неколку совети што ќе ви помогнат да ги преживеете најтоплите денови во летото:

Направете си купка со топла вода 

Кога ни е жешко, ни изгледа логично да се разладиме со студена вода.

Но, истражувањата покажуваат дека купката или туширањето со топла вода се многу поефикасни во спуштањето на температурата на телото, а со тоа и разладувањето.

Па, во многу топлите ноќи, околу час-два пред спиење релаксирајте се со топла купка.

kako-da-se-zashtitite-i-razladite-za-vreme-na-toploten-bran-02.jpg

Јадете лута храна 

Можеби и овој совет не звучи интуитивно, но лутата храна може да ве разлади повеќе од пијалак со мраз.

Кога јадете лута храна, внатрешната температура на телото се зголемува. Со ова се зголемува циркулацијата на крв, телото почнува да се поти, а сите знаеме дека потењето е механизам за разладување.

Секако, ако не сакате лута храна, не се присилувајте и пробајте да се разладите со некој од другите совети.

kako-da-se-zashtitite-i-razladite-za-vreme-na-toploten-bran-03.jpg

Ставете ја постелнината во замрзнувач

Ако имате простор во замрзнувачот, ставете ја постелнината во ќеса, па во замрзнувач.

Доволно е да отстои 10-тина минути пред да си легнете.

Само осигурете се дека ќе ја ставите постелнината во добро затворена кеса за да не се навлажни или извалка од замрзнувачот.

kako-da-se-zashtitite-i-razladite-za-vreme-na-toploten-bran-04.jpg

Ставете мраз пред вентилаторот

Ако користите вентилатор, пред него ставете шишиња со замрзната вода.

Температурата на воздухот околу шишињата е многу ниска, а вентилаторот ќе го разнесе овој студен воздух низ просторијата.

kako-da-se-zashtitite-i-razladite-za-vreme-na-toploten-bran-05.jpg

Избегнувајте кафе и алкохол

Кафето и алкохолот предизвикуваат дехидратација, а ова е едно од најлошите нешта што може да ви се случи за времена топлотен бран.

Кафе пиете само наутро, а алкохолните пијалаци оставете ги за вечерните часови, кога температурата е пониска.

kako-da-se-zashtitite-i-razladite-za-vreme-na-toploten-bran-06.jpg

Носете широка облека

Во најтоплите денови избегнувајте облека која е залепена за телото. Тесната облека делува како изолатор и може дополнително да ја зголеми температурата на вашето тело.

Исто така, важен и материјалот - држете се до лесни материјали како лен и памук.

kako-da-se-zashtitite-i-razladite-za-vreme-na-toploten-bran-07.jpg

Бидете во затворена, климатизирана просторија кога е најжешко

Освен ако навистина немате потреба, во најжешките денови избегнувајте да излегувате од 11 до 15 часот.

Овој период температурата е највисока и може да се чувствувате лошо дури и ако сте со добро здравје.

Ако имате какви било здравствени проблеми или сте бремени, консултирајте се со лекар пред да излезете во најжешкиот период од денот.

kako-da-se-zashtitite-i-razladite-za-vreme-na-toploten-bran-8.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg