Ниско ниво на тестостерон: Кои се најчестите симптоми и може ли да се спречи?

Намаленото либидо и еректилната дисфункција се едни од најчестите симптоми на ниско ниво на тестостерон. Што треба да знаете за оваа појава и може ли да се спречи?

nisko-nivo-na-testosteron-koi-se-najchestite-simptomi-i-mozhe-li-da-se-sprechi-01.jpg

Тестостеронот е главниот полов хормон кај мажите кој контролира важни процеси во телото.

Сепак, кај некои мажи се намалува лачењето на тестостерон, што може да предизвика разни симптоми.

Што е тестостерон и која е неговата функција?

Тестостеронот е главниот полов хормон кај мажите и е клучен за развојот на машкото тело.

Се лачи во тестисите по „наредба“ од сигналите што ги праќа хипофизата, која е сместена во мозокот.

Тестостеронот има влијание врз неколку важни процеси во телото вклучувајќи:

  • Развој на машките полови органи
  • Продлабочување на гласот за време на пубертет
  • Растење на влакната на лицето и половите органи за време на пубертет (подоцна во животот може да има улога и во ќелавењето)
  • Растење и зајакнување на мускулите
  • Растење и зајакнување на коските
  • Либидо
  • Производство на спрема

nisko-nivo-na-testosteron-koi-se-najchestite-simptomi-i-mozhe-li-da-se-sprechi-02.jpg

Тестостеронот може да има влијание и врз расположението, а се претпоставува дека има други функции кои досега не се откриени.

Иако е наречен машки хормон, и во женското тело се лачи тестостерон, и тоа од јајниците и од надбубрежната жлезда.

Кај жените, нивото на тестостерон е значително помало, а оптималната рамнотежа помеѓу тестостеронот, естрогенот и другите слични хормони е важна за правилна функција на јајниците.

nisko-nivo-na-testosteron-koi-se-najchestite-simptomi-i-mozhe-li-da-se-sprechi-03.jpg

Што е ниско ниво на тестостерон и зошто се јавува?

Кај некои мажи, тестисите не произведуваат доволно тестостерон. Во тој случај, неговото ниво во организмот се намалува.

Не може точно да се утврди колку е честа оваа појава, но се претпоставува дека околу 2% од машката популација се соочува со ниско ниво на тестостерон.

Генерално, ниското ниво на тестостерон е почесто кај мажи постари од 80 години.

Ниското ниво на тестостерон може да се јави кај секој маж, но генерално е најчесто кај мажи кои:

  • Се постари од 80 години
  • Имаат прекумерна тежина
  • Имаат дијабетес тип 2 за кој не примаат соодветна терапија
  • Имаат хронично заболување, како цироза
  • Имаат ХИВ/СИДА

nisko-nivo-na-testosteron-koi-se-najchestite-simptomi-i-mozhe-li-da-se-sprechi-04.jpg

Кои се симптомите на ниско ниво на тестостерон?

Симптомите на ниско ниво на тестостерон можат да варираат, најмногу од возраста.

Дел од најчестите симптоми кај возрасни мажи се:

  • Намалено либидо
  • Еректилна дисфункција
  • Паѓање на срамните влакна и влакната под пазувите
  • Намалување на тестисите
  • Неплодност
  • Депресија
  • Проблеми со концентрација и сеќавање
  • Зголемена тежина
  • Зголемено ткиво на градите
  • Намалување на мускулните сила и маса

nisko-nivo-na-testosteron-koi-se-najchestite-simptomi-i-mozhe-li-da-se-sprechi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg