Зошто имате зуење во ушите и дали е знак за нешто сериозно?

Постојат разни причини за појава на тинитус, односно зуење во ушите – од многу гласна врева, до проблеми со здравјето. Кај некои луѓе, ова зуење е занемарливо, но кај некои може да предизвика проблеми со концентрацијата и да им го попречи секојдневното функционирање.

zoshto-imate-zuenje-vo-ushite-i-dali-e-znak-za-neto-seriozno-01.jpg

Тинитус е појава попозната како зуење во ушите и може да биде предизвикана од разни причини.

Ова е зуење, односно звук кој не доаѓа однадвор и кој можете да го чуете само вие.

Зуењето во ушите е релативно честа појава и се јавува кај 15% до 20% од населението, особено кај повозрасните лица.

Што треба да знаете за оваа појава и дали треба да ве загрижува?

Кои се симптомите на тинитус?

Симптомите на тинитус се очигледни – слушање звук кој нема надворешен извор.

Фантомскиот звук кој го слушате не мора да биде само зуење, туку може да звучи и како кликање, пулсирање или некој друг неодреден звук.

Јачината на звукот што се слуша може да варира и да се појави во едното и двете уши.

Некогаш, звукот може да биде толку гласен што ја попречува концентрацијата, па и слушањето надворешни звуци.

zoshto-imate-zuenje-vo-ushite-i-dali-e-znak-za-neto-seriozno-02.jpg

Зошто се појавува?

Постојат многу причини за појава на тинитус. Некои здравствени проблеми можат да го предизвикаат или да ги влошат симптомите, а некогаш и не може да се најде одредена причина.

Дел од најчестите причини за појава на тинитус се:

Оглувување: Кај многу луѓе, со годините слухот се влошува. Обично ова се јавува по 60-тата година од животот, во двете уши. Тинитусот предизвикан од оглувување најчесто се карактеризира со висок звук.

Гласни звуци: Ако имате работно место каде што има многу врева, како некоја фабрика, можно е да се соочите со тинитус. Исто така, и многу гласните звуци кои сте ги слушнале само еднаш извесен период можат да предизвикаат тинитус.

Некои лекови: Бројни лекови можат да предизвикаат тинитус или да ги влошат симптомите. Овој ефект обично е наведен во самото упатство на лекот, а тинитусот се повлекува откако ќе престанете да го пиете.

Инфекција на ушите и синусите: Некогаш луѓето чувствуваат зуење во ушите кога се настинати или кога имаат некаква инфекција на увото или синусите. Овие заболувања имаат влијание врз слухот, па оттаму и појавата на тинитус. Во овој случај, симптомите се повлекуваат со оздравувањето, односно по околу една недела.

Проблеми со вилицата: Во овој случај, тинитусот може да биде придружен со болка во вилицата кога зборувате или џвакате, но и да слушате звук како пукање.

Проблеми со крвниот притисок: Во некои случаи, и високиот крвен притисок може да предизвика тинитус.

Други проблеми со здравјето: Постојат многу здравствени проблеми кои предизвикуваат тинитус, како повреди на глава и вратот, лајмска болест, проблеми со внатрешното уво…

zoshto-imate-zuenje-vo-ushite-i-dali-e-znak-za-neto-seriozno-03.jpg

Кога треба да одите на лекар?

За некои луѓе, зуењето во ушите не претставува голем проблем, но кај некои може да го попречи секојдневното функционирање.

Ако зуењето во ушите не престанува по недела-две, препорачливо е да одите на лекар за да утврдите дали можеби имате некој здравствен проблем.

Исто така, одете на лекар и порано ако зуењето е премногу гласно и ви создава проблем во секојдневието.

Задолжително одете на лекар ако со тинитусот се појават и симптоми како вртоглавица и проблеми со слухот.

zoshto-imate-zuenje-vo-ushite-i-dali-e-znak-za-neto-seriozno-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg