Тридневна јогурт диета

Наменета е за оние кои покрај што сакаат да изгубат некој килограм, сакаат и да го прочистат својот организам од високо калорична и мрсна храна.

tridnevna-jogurt-dieta-01

Постојат неколку диети со јогурт, но оваа  трае само три дена и е многу лесна.

Еве како треба да се одвива вашата исхрана во текот на тие три дена:

1 ден

  • За појадок започнете со обичен или овошен јогурт, комбиниран со овесни снегулки по желба.
  • За ручек издинстајте малку зеленчук и промешајте го со ориз и посолете по желба. За десерт или ужина, повторно заблажете се со овошен јогурт.
  • За вечера исецкајте еден морков, јаболко и 50 грама шунка и се заедно пропржете на маслиново масло. На крајот оваа салата додадете ја во една шолја јогурт.

tridnevna-jogurt-dieta-1


2 ден

  • За појадок направете салата од јогурт и краставица.
  • За ручек испржете едно парче бело месо во маслиново масло, во кое ќе додадете сечкани шампињони, домати, пиперки и се разбира јогурт.
  • За вечера изедете две големи шолји јогурт промешани со неколку сушени плодови шумско овошје.

tridnevna-jogurt-dieta-2


3 ден

  • За појадок измешајте јогурт, сечкана јаболка и малку цимет.
  • За ручек испечете еден филет ослиќ и салата од јогурт, рендана краставица и сенф.
  • Вечерта завршете ја со 100грама сварени тестенини, ситно сечкана пиперка, варено јајце и сето тоа промешано со една шолја јогурт.

tridnevna-jogurt-dieta-3

Би можело да ве интересира:

Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg