5 намирници со повеќе протеини од јајцата

Доколку вежбате или одите во теретана, веруваме дека овие 5 намирници значително ќе ви помогнат во мисијата.

5-namirnici-so-poveke-proteini-od-jajcata-01

Сите знаеме колку се важни протеините за време на напорните тренинзи, па наместо да се полните со јајца, туна, свежо сирење и пилешко, внесете малку поинакви намирници полни протеини.

1. Сушена спирулина - Оваа алга има дури 8 грама протеини во 2 супени лажици, а идеална е нејзината сушена верзија заради тоа што содржи само 40 калории. Можете да ја користите како зачин на салати или во сендвичи.

5-namirnici-so-poveke-proteini-od-jajcata-02

2. Пржена соја - ¼ шолја пржена соја има 15 грама протеини, големо количество на влакна и калиум.

3. Грчки јогурт - Најобичниот грчки јогурт има неверојатно многу протеини - 1 големо пакување во себе содржи 18 грама протеини и само 100 калории. Можете да го засладите со шумско овошје или заледете го како сладолед.

4. Gruyere кашкавал - Во 29 грама од овој швајцарски кашкавал се наоѓаат 8 протеини и само 117 калории.

5-namirnici-so-poveke-proteini-od-jajcata-03

5. Сушени семки од тиква - Познати се по големото количество на магнезиум, но содржат и голем број протеини. Поточно, во ¼ шолја се наоѓаат дури 10 грама протеини.

Би можело да ве интересира:

Намирници што го забрзуваат метаболизмот (и можете да ги најдете во секој маркет) Постојат намирници кои го забрзуваат метаболизмот, што ги прави одлични за оние ...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате ако имате анемија? Додека храната богата со железо е одлична за лицата со анемија, постојат намирни...
Отечени зглобови и уште 5 знаци дека јадете многу сол (и зошто треба да намалите) Покрај отоците на зглобовите, лицето и дланките, и дигестивните проблеми можат д...
Едноставна вежба за дишење што го намалува ризикот од Алцхајмерова болест Ново истражување покажало дека едноставна вежба за дишење можеби го намалува риз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg