Направете домашни бонбони против кашлица

Изборот на сирупи и таблети против кашлица денес е огромен, но повеќето имаат вметнати ароми и бои кои непотребно го трујат организмот.

napravete-domasni-bonboni-protiv-detskata-kaslica-01.jpg

Плус, сите родители знаат колку е тешко детето да се наговори на една лажичка сируп или таблета 2 пати во денот. Но, ако решението е во облик на бонбона? Нема проблем!

Основа на овие бонбони против кашлица е препечениот шеќер, чија ефикасност е докажана со години наназад, благодарение на нашите баби. Токму затоа, погодни се за сите деца и возрасни, разликата е само во дозирањето.

За подготовка на овие бонбони потребни ви се:

  • 100g шеќер
  • ½ лажичка ѓумбир во прав
  • 1 кафена лажичка сок од лимон
  • Силиконски калапи
  • Чепкалки

Подготовка:

За почеток, силиконскиот калап премачкајте го со масло.

Шеќерот ставете го во тенџере на тивок оган. Мешајте постојано. Кога ќе се растопи, додадете го ѓумбирот во прав и сокот од лимон. Варете на тивок оган уште неколку минути.

Сирупот е готов кога шеќерот ќе добие боја на карамела. Тогаш можете да го претурите во калапите. Ако сакате, забодете чепкалки за полесно вадење.

Оставете ја смесата да се олади, па ставете ја во ладилник уште половина час.

За дечињата доволни се 5-6 бонбони дневно, под услов да не јадат други слатки во текот на денот. Возрасните може да каснат и до 10 бонбони во текот на денот, повторно под истиот услов.

Доволни се 3 дена за да забележите подобрување. Овие бонбони се одлични за ослободување од иритацијата на грлото која предизвикува сува кашлица.

Сепак, ако кашлицата не престане обратете се кај вашиот лекар, за да ги исклучите посериозните заболувања.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg