10 лековити препарати од ореви: По рецептот на нашите баби

Нема ништо подобро од домашно направеното и природното, па затоа фатете се за работа и подгответе некои од овие лековите препарати по рецептот на нашите баби.

10-lekoviti-preparati-od-oreci-po-receptot-na-nasite-bib-1

Направете си домашни лекови од ореви кои можат да ви помогнат при потенција, болести на тироидната жлезда, чир на желудник и други болести:

1. Ореви во мед за подобра плодност и потенција

Оревите се природен афродизијак и ги содржат витамините Б1 и Б2, богати се со цинк, кој е важен за нормална сексуална активност и работа на простатата.

Начин на подготовка:

Во еднаков размер промешајте мелени ореви со мед од костен и јадете по 3 лажички секој ден по 3 пати на ден. За да го постигнете посакуваниот ефект, лекувањето трае најмалку од 20 до 30 дена. Овој лек може да ви помогне и со проблеми со крвниот притисок и главоболката.


2. Против анемија

Со помош на оваа смеса победете ја анемијата и исцрпноста.

Начин на подготовка:

Подгответе смеса од пола килограм ливадски мед, пола килограм мелени ореви и еден лимон. Измешајте добро и јадете по една лажичка секои 3-4 часа.


3. Млеко од ореви против чир на желудник

Млекото од ореви ќе ви помогне при зараснување на чировите во желудникот.

Начин на подготовка:

Со млекото прелијте 20g смелени ореви и додајте 2dl зовриена вода. Добро промешајте ја течноста, исцедете ја и додајте една супена лажица мед. Пред секој оброк јадете 5 до 6 кафени лажици од млекото од ореви.


4. Зелени ореви за тироидна жлезда

Маслото во зелените ореви значајно го зголемува нивото на тироксинот.

Начин на подготовка:

Во еднаков однос помешајте мелени зелени ореви (со големина на лешник) со мед. Смесата оставете ја на темно место 30 дена, а потоа консумирајте по 1 кафена лажичка дневно.


5. Традиционална руска тинктура против сите врсти на тумор

Начин на подготовка:

Исечкајте на ситно 150g корен од валеријан, 50g ореви и 50g пупка од бреза. Потоа прелијте ја смесата со половина литар вотка или ракија, а потоа додајте цели лушпи од зелени ореви. Смесата треба да постои 10 дена, а потоа земајте 15 капки на тинктура во 1dl вода, три пати дневно, половина час пред секој оброк.

10-lekoviti-preparati-od-oreci-po-receptot-na-nasite-bib-2

6. Рецепт за прикривање на дамки од раѓање или од изгореници на кожата

Потребно е да наберете зелени ореви пред да созреат.

Начин на подготовка:

Премачкајте ги дамките со внатрешниот дел од лушпата од оревите. Постапката продолжувајте ја 3 дена и настојувајте да не го миете тоа место со вода. Зелените ореви можете да ги замрзнете и сочувате до следната сезона.


7. Чај од млади листови на ореви за чистење на крвта

Овој чај се применува како средство за чистење на крвта, но и одлично функционира против кожни заболувања, хемороиди, паразити, болки во коските...

Начин на подготовка:

После берењето, исушете ги лисјата.

Во 2dl ладна вода ставете 2 лажички од сушените лисја, а потоа гответе ги 5 минути.Оставете го тенџерето поклопено 15 минути, а потоа процедете го и дневно консумирајте 2 до 3 чаши од овој чај.


8. Облози од ресите на оревот против крвавење

Ресите од оревот ќе ви помогнат да го запрете крвавењето.

Начин на подготовка:

2 раце реси прелијте ги со литар зовриена вода и оставете ги 10 минути. Од оваа течност можете да правите облози против крвавење, хемороиди или течноста да ја користите за вагинално измивање.


9. Прав за зајакнување на организмот

Смелете ги исушените зелени плодови за да добиете прав.

Начин на употреба:

За зајакнување на организмот, дезинфекција и за рани земајте по 2 лажички од правот во течност. За надворешни облози, помешајте 4 лажички во чај од ајдучка трева и нанесете го облогот каде што е потребно.


10. Сируп за здрава кожа

Сирупот од свежите млади листови ќе ви овозможи да имате здрава кожа.

Начин на подготовка:

Потопете еднаква тежина на листови и алкохол и оставете ги да постојат 48 часа. Додајте мед за да се направи густ сируп. Пред секој оброк земајте по 1 кафена лажичка. 

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg