Домашен тест за проверка на штитната жлезда

Многумина имаат проблем со штитната жлезда и без да се свесни за тоа. Честото дебелеење или неможноста да се ослаби како претходно укажува и на лошото функционирање на штитната жлезда.

samo-so-toplomer-napravete-domasen-test-za-da-ja-proverite-stitnata-zlezda-01.jpg

Тоа може да биде сериозен проблем ако не се открие навремено или ако не се третира соодветно. Ако имате некои слични симптоми, не мора веднаш да трчате на лекар, туку прво направете си го домашниот тест, кој ќе ви даде знак што да преземете.

Овој тест е едноставен и познат е како Барнов тест. Сè што ви е потребно за да го спроведете е еден топломер.

Најпрво добро протресете го и бидете сигурни дека не покажува температура повисока од 35 степени.

Оставете си го на ноќната масичка до креветот и прво нешто што ќе направите кога ќе се разбудите наутро е да го ставите пор пазувите, на гола кожа, без облека.

Држете го 10 минути, па видете го резултатот и запишете го. Зависно од резултатот има различни дијагнози.

samo-so-toplomer-napravete-domasen-test-za-da-ja-proverite-stitnata-zlezda-1.jpg

1. Ако вашата температура е помеѓу 36.5 и 36.8 степени, штитната жлезда ви работи нормално.

2. Ако температурата ви е пониска од 36.5 степени, тогаш е забавена нејзината работа. Симптомите за тоа се депресија, недостаток на енергија, замор, инфекции, хронична главоболка, недостаток на меморија и концентрација, опаѓање на косата.

3. Ако температурата ви е повисока од 36.8 степени, се работи за забрзана работа на штитната жлезда или инфекција во телото.

За да бидете сигурни во точноста на резултатот, повторете го тестот 3 дена по ред. Ако вашата температура е над или под дозволената граница, подобро е да се обратите кај вашиот лекар.

Кај жените може да варира доколку тестот се прави за време на менструалниот циклус.

За правилна работа на штитната жлезда важна е добрата работа на црниот дроб, ниско ниво на стрес, доволно селен, витамин А, кортизол, магнезиум и витамин Б.

samo-so-toplomer-napravete-domasen-test-za-da-ja-proverite-stitnata-zlezda-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg