Што да јадете за да ја ублажите вагиналната инфекција – кандида?

Кандидата е гинеколошки проблем кој се развива кај 75 отсто од сексуално активните жени, барем еднаш во животот.

sto-da-jadete-za-da-ja-ublazite-vaginalnata-infekcija-kandida-01

Поголема активност на инфекцијата се случува поради нарушување на рамнотежата на имунолошкиот систем, а тоа може да биде предизвикано и од некоја храна.

Затоа, потребно е да знаете каква храна да консумирате за да се заштитите од кандида, а каква ако веќе ви е во понапредна фаза.

Според интензитетот на симптомите кандидата може да биде од лесен, умерен и тежок облик на заболување.

Кај лесниот облик се јавува само непријатно пецкање, воспаление и чешање.

Умерениот облик е дополнет со видливо црвенило на слузницата на матката и пообилен исцедок.

Тешкиот облик на кандида е проследен со обилен белузлав и жолтеникав густ исцедок од матката, црвенило на вагината, отеченост и болка,поради што и самиот сексуален однос може да биде болен.

Кандидата не е пренослива болест, но кај 15 отсто од мажите, по сексуалниот однос со жена која ја има инфекцијата, добиваат и тие непријатни симптоми како чешање и нафрлување ма половиот орган.

Постои и одредена диета која се препорачува ако имате кандида, но постои и список на намирници кои треба да ги консумирате за да ги ублажите симптомите:

  • житарици од цели зрна (кафеав ориз, просо, јачмен)
  • свеж зеленчук, посебно зелениот, подготвен на пареа
  • морски билки, `ржан леб, пуканки, тортиљи, тофу, мисо
  • обичен јогурт, свежа риба, месо од природно гоени домашни животни и јајца од природно хранети кокошки.
  • чисто маслиново масло
  • лук, сиров или малку проварен


Од друга страна, постои храна која не би требало да ја јадете ако ви се развила инфекцијата на кандида:

  • леб, пекарски производи, тестенини, колачи, бисквити и други рафинирани јаглехидрати.
  • индустриски овошни сокови и сос од домати, освен домашни.
  • храна која содржи оцет или туршија
  • сите млечни производи, освен путер, домашен кефир или домашен јогурт
  • димена храна, сушено месо
  • ф`стаци и кикирики
  • сите алкохолни пијалаци
  • квасец
  • кафе и црн чај

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg