Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Адвокат 26-04-2017
Ѕидар 26-04-2017


Храна која се грижи за вашиот црн дроб

Без разлика на тоа какви супстанци влегуваат во нашиот организам, црниот дроб е тука да ги процесира, обработи и да ни помогне да се ослободиме од нив.

10-proizvodi-koi-se-grizat-za-vashiot-crn-drob-01_2.jpg

Токму затоа, многу е важно да се грижите за вашиот црн дроб.

Тоа можете да го направите со неколку производи:

1. Лук

Лукот содржи многу супстанци кои се здрави за црниот дроб, а посебно што содржи селен кој ги зголемува ефектите на антиоксидансите. Лукот исто така содржи и аргинин кој ги релаксира крвните садови и го намалува крвниот притисок во дробот.

10-proizvodi-koi-se-grizat-za-vashiot-crn-drob-1.jpg

2. Маслиново масло

Ладното цедено масло кога се консумира умерено ги „јаде“ токсините од телото и на еден начин презема дел од работата на црниот дроб.

10-proizvodi-koi-se-grizat-za-vashiot-crn-drob-2.jpg

3. Зачини и зеленчук

Мислиме посебно на зелениот зеленчук и зачините кои се добиваат од зелени растенија, бидејќи истите содржат селен и калциум. Зелениот зеленчук го заштитува црниот дроб преку неутрализирање на ефектите на металите, хемикалиите и пестицидите.

10-proizvodi-koi-se-grizat-za-vashiot-crn-drob-3.jpg

4. Зелен чај

Зелениот чај е богат со антиоксиданси познати како катехини кои го штитат организмот од штетните радикали и според научниците, од многу типови на рак.

10-proizvodi-koi-se-grizat-za-vashiot-crn-drob-4.jpg

5. Грејпфрут

Витаминот Ц, ама и глутатионот кој се лачи и од црниот дроб помагаат при обновувањето на ткивата, производството на протеини и брзо регенерирање на имуниот систем.

10-proizvodi-koi-se-grizat-za-vashiot-crn-drob-5_copy.jpg

6. Ореви

Оревите се богати со антиоксиданси и незаситени масти кои спречуваат да се акумулираат масти на црниот дроб.

10-proizvodi-koi-se-grizat-za-vashiot-crn-drob-6.jpg

7. Јаболка

Јаболката содржат пектин, кој е неопходен за чистење на телото и отстранување на токсините од системот за варење на храна.

10-proizvodi-koi-se-grizat-za-vashiot-crn-drob-7.jpg

8. Куркума

Куркуминот е составна супстанца на куркумата кој го чисти црниот дроб и превенира токсините и алкохолот да се претворат во штетни материи.

10-proizvodi-koi-se-grizat-za-vashiot-crn-drob-8.jpg

9. Лимон и лимета

Лимонот и лиметата содржат големи количини на витамин Ц кој е познат по тоа што токсините ги претвора во хидросолубилни супстанци кои лесно се исфрлаат од телото.

10-proizvodi-koi-se-grizat-za-vashiot-crn-drob-9.jpg

10. Авокадо

Авокадото содржи глутатион кој заедно со витамините Ц, Е и К делуваат како антиоксиданси и ги неутрализираат слободните радикали, па на тој начин го штитат црниот дроб од оштетување.

10-proizvodi-koi-se-grizat-za-vashiot-crn-drob-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали спиете правилно? Во просек, луѓето поминуваат околу 25 години од својот живот во кревет, што е на...
4 тајни на јапонските жени како да добиете витка фигура и да се чувств... Кетрин Гронор е сертифициран нутриционист која еден дел од животот го поминала в...
Здрави и вкусни оброци кои ќе ви помогнат да ги изгубите вишокот килог... Доколку конечно се решивте да симнете некој вишок килограм, овие оброци ќе бидат...