Зошто мултитаскингот е штетен за вашиот мозок?

 Уште кога бевме мали и за првпат се запознавме со интернетот, веднаш научивме што значи да се прават неколку работи оддеднаш. Како вчера да беше кога ми го купија првиот компјутер и морав да чекам со часови за да дојдам на ред да играм игри на него, а потоа работите се сменија речиси преку ноќ.

eve-zosto-pravenjeto-nekolku-raboti-oddednas-e-stetno-za-vasiot-mozok-1

Наеднаш гледањето телевизија, допишувањето на лаптоп и зборувањето на телефон во исто време ни стана секојдневие. Потоа со појавата на Инстаграм и Фејсбук почнавме да коегзистираме во реалниот свет и во онлајн светот во исто време додека сме исто присутни и на двете места.

Правењето неколку работи оддеднаш денес се смета за изонредна способност, меѓутоа научните истражувања покажуваат дека оваа способност не само што не е продуктивна, туку може да биде и штетна за вашиот мозок.

Внимавајте на квалитетот, а не на квантитетот

Кога ќе завршите повеќе работи оддеднаш се чувствувате исполнето, но проблемот тука е дека се што добивате е квантитет, но не и квалитет. На пример, додека сте на предавање и вашиот професор ви покажува презентација која е клучна за испитот кој ќе следува. Вие го слушате професорот, но во исто време имате отворено Word документ за фаќање забелешки, мејл за да го препратите на вашите пријатели и телефонот го проверувате на секои 5 минути да проверите дали има нешто ново.

Мислите дека со вашето присуство на сите 4 места сте најпродуктивни, но сепак грешите. Вашиот мозок треба да го подели вниманието на 4 различни места што е голем предизвик за вашата когнитивна контрола.

Во овој случај, има многу помалку шанси да ги соберете сите потребни информации од лекцијата а во исто време забелешките кои ќе ги пратите на вашите колеги или пријатели нема да бидат воопшто квалитетни, а новостите кои во меѓувреме ги следите до крајот на лекцијата ќе ги снема од вашата глава како никогаш да не сте ги ни виделе.

Во ситуација во која имате повеќе извори на информации, вашиот мозок не е способен да утврди што навистина е важно да се задржи во вашата меморија. Неможноста на мозокот да филтрира која информација е важна а која не е поради тоа што е преоптеретен со неважни информации. Затоа можете да изгледате и деконцентрирано, нервозно и слично.

Физички напор

Кога правите две или повеќе работи оддеднаш, вие всушност не правите две работи во исто време. Напротив, само го пренасочувате вниманието од еден дел од мозокот до друг. За тоа треба време, ресурси и мозочни клетки.

Пренасочувањето на нашиот фокус од една работа кон друга може да изгледа лесно, но тоа влијае многу врз мозокот. Дури и нешто најприродно како да слушаме што зборува тој што седи до нас додека возиме ќе ни оневозможни целосно да се посветиме на патот. Најдобро е да ги елиминирате сите дистракции и да се фокусирате на една единствена работа.

Стрес

Правење неколку работи оддеднаш или мултитаскинг е само еден фенси збор за преоптоварување на организмот. Кога сакаме да завршиме неколку проекти додека во исто време сакаме да сме одморени и да се видиме или слушнеме со пријателите си правиме непотребен стрес на организмот.

Социјалните мрежи се место каде што најмногу се бавиме со мултитаскинг. Си ги проверуваме пораките на Фејсбук и додека да се свестиме читаме вести или играме игра која ни ја препорачал пријател. Од перспектива на мозокот само го зголемуваме нивото на стрес. Одлогирајте се одвреме на време и дајте му го на вашиот мозок заслужениот одмор.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg