9 митови за грипот заради кои потешко оздравуваме

Ослабениот имунитет во комбинација со ниските температури секоја година завршува исто - со грип, или во подобар случај само настинка.

9-mitovi-za-gripot-zaradi-koi-potesko-ozdravuvame-001.jpg

Грипот е лесно пренослив бидејќи се работи за вирусно заболување, па штом ги забележиме првите симптоми, важно е да преземеме мерки.

Исто така, од голема помош ќе ви биде доколку престанете да верувате во овие 10 митови. Многу често поради нив се мачите со денови и не можете да станете од креветот.

Мит број 1: Заштитна маска треба да носи само заболениот

Факт е дека тој што е заболен треба да носи маска за да не го прошири вирусот во просторот во кој престојува, но за вие да се заштитите, мора и вие да носите кога сте во негово присуство.

9-mitovi-za-gripot-zaradi-koi-potesko-ozdravuvame-01.jpg

Мит број 2: Грип имаат само оние кои имаат очигледни симптоми

Околу 30% од луѓето носат вирус во себе, без да знаат. Благодарение на силниот имунитет, тие немаат очигледни симптоми. Но, тоа не значи дека не може да ве заразат. Затоа, внимателно почитувајте ги правилата за хигиена, тоа е првото правило за превенција.

Мит број 3: Надворешните фактори може да предизвикаат грип

Тоа што нема да ставите капа или ќе каснете студен сладолед кога надвор е ладно, нема да предизвика грип. Грипот се пренесува исклучиво ако вашето тело е изложено на вируси.

9-mitovi-za-gripot-zaradi-koi-potesko-ozdravuvame-02.jpg

Мит број 4: Здравите лица немаат потреба од вакцина

Напротив, вакцинација се врши само доколку сте стопроцентно здрави, за целосна превенција.

Мит број 5: Ви треба само вакцина за да останете здрави

И пред и по вакцинирањето треба да избегнувате контакт со веќе заболени лица и да ја одржувате хигиената на високо ниво.

9-mitovi-za-gripot-zaradi-koi-potesko-ozdravuvame-03.jpg

Мит број 6: Грипот не е опасен

Симптомите на грипот се многу слични со симптомите на настинка, но тоа не значи дека треба да ги игнорирате. Грипот не е опасен само ако се третира правилно. Во спротивно, може да предизвика компликации до хоспитализирање на лицето.

Мит број 7: Пилешката супа е ефективен лек против грип

Вирусот нема да го победите со пилешка супа. Можеби привремето супата ќе ви ги олесни симптомите на затнат нос и болно грло, но мора да земате соодветни лекови со неа.

9-mitovi-za-gripot-zaradi-koi-potesko-ozdravuvame-04.jpg

Мит број 8: Кога имате грип, треба да пиете антибиотици

Во случај на грип, антибиотиците тешко дека ќе ви помогнат. Тие може да се изборат со бактерии, но не и со веќе проширен вирус.

9-mitovi-za-gripot-zaradi-koi-potesko-ozdravuvame-05.jpg

Мит број 9: Доволно е да се вакцинирате еднаш во животот

Секоја година вирусите мутираат и се отпорни на претходната вакцина, па ако се решите за превентивна вакцинација, треба да ја практикувате еднаш годишно.

9-mitovi-za-gripot-zaradi-koi-potesko-ozdravuvame-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg