Совети од познат психијатар за депресијата: „Ќе ја презирате и ќе се борите со неа додека лажно се смеете“

Психијатарот Cosmo Hallstrom од Велика Британија открива дека борбата со депресијата е тежок и макотрпен процес, особено во периодот кога сте делумно закрепнати.

soveti-od-poznat-psihijatar-za-depresijata-kje-ja-prezirate-i-kje-se-borite-so-nea-dodeka-lazno-se-smeete-01.jpg

Од настинка можете да оздравите преку ноќ, од скршеница ви следат седмици на закрепнување, но од депресија ви требаат месеци, па и години. Овој бавен процес е напорно патување за надминување на препреките.

Различни луѓе закрепнуваат на различен начин од депресијата.

Во 50 до 65 проценти од случаите лекарствата се одговорни за тоа, но понекогаш и само промената на околностите може да влијае на подобрување на расположението и исчезнување на депресијата.

Според психијатарот Cosmo Hallstrom депресијата е состојба што се лечи.

 „Некои луѓе комплетно ќе закрепнат и ќе се вратат во нормала, на други ќе им стане подобро, но не сосема“.

Исповед на човек што се бори со депресија:

„Јас сум делумно закрепнат од депресијата. Повеќе немам суицидни мисли и способен сум да уживам додека минувам време со семејството и пријателите. Сонот значително ми се подобри и можам повторно да бидам дел од активностите во кои уживам, како пеењето во хор.

Но, работите не се совршени. Сè уште сум необјасниво уморен и не е потребно многу за да ми се расипе расположението. Понекогаш обврските околу работата и семејството ме преоптоваруваат. Склон сум на кризи со самодовербата и параноја.“

soveti-od-poznat-psihijatar-za-depresijata-kje-ja-prezirate-i-kje-se-borite-so-nea-dodeka-lazno-se-smeete-02.png

Совети од доктор Hallstrom:

„Сето ова е сосема нормално. Најчесто биолошките симптоми се подобруваат први, многу пред психолошките. Луѓето може да почувствуваат дека апетитот им е вратен, спијат и изгледаат подобро, но работите во тој миг не значи дека се сосема средени.

Никој не ви кажува дека процесот на лечење на депресија може да биде многу осаменичко искуство. Кога ви е лошо имате маса луѓе што ве поддржува, но кога изгледате добро и се чувствувате физички добро никој не сфаќа дека вашата борба сè уште трае зад сцената. Не сакате да ги трупате повторно со вашите проблеми и молчите. Правите да изгледа дека процесот на закрепнување е лесен, но навистина ви е тешко да ја задржите насмевката на лицето.

Лечењето на депресијата може да биде фрустрирачко. Ретко е линеарен процес и многу пати ќе се вратите наназад. Ќе се борите со истоштеност, со бес за вашите ограничувања и ќе ја презирате вашата болест што ве сопира да го живеете животот нормално.

soveti-od-poznat-psihijatar-za-depresijata-kje-ja-prezirate-i-kje-se-borite-so-nea-dodeka-lazno-se-smeete-03.png

Често ќе паничите кога ќе имате лош ден и ќе ви биде тешко да го видите светлото на крајот од тунелот. Но, добрата вест е што многу работи можете да сторите за да останете на вистинскиот пат.

Многу луѓе кога ќе започнат да се чувствуваат подобро веднаш престануваат со користење на лекарствата и тогаш потфрлаат. Потребно е да ги земате антидепресивите уште 6 месеци од мигот кога ќе започнете да се чувствувате подобро. Исто така, вежбајте. На тој начин ќе си го подобрите расположението. Јадете добро, пешачете и избегнувајте стрес колку што можете.

Нема секогаш да бидете успешни во сите овие работи, но ќе научите да бидете пофини со себеси. Не се самоказнувајте ако работите не се во совршен ред.

Дури и кога ќе дојдете во позиција на целосно закрепнување, никогаш не земајте го вашето ментално здравје здраво за готово. Околу 50% од луѓето кои имале епизода на депресија, ќе имаат уште една, па и повеќе.

Мислете на работите и луѓето што ги сакате и потсетувајте се дека ова е тешка битка, но вреди да ја извојувате“, советува доктор Hallstrom.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Како да познаете дали имате депресија и како можете да си помогнете? Депресијата е нарушување кое предизвикува чувства на очај, тага и безнадежност и...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Зошто имате зуење во ушите и дали е знак за нешто сериозно? Постојат разни причини за појава на тинитус, односно зуење во ушите – од многу г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg