Зошто нашите предци немале алергии на храна, а ние ги имаме?

Дали некогаш сте се запрашале зошто нашите баби и дедовци немале (или ретко) покажувале знаци на алергија кон одредени видови храна?

Zosto-nasite-predci-nemale-alergii-na-hrana-a-nie-gi-imame-01.jpg

Или пак алергиите на храна не биле толку вообичаена појава во минатото како што се денес?

Алергиите на храна се во пораст и го отежнуваат животот за оние коишто страдаат од овие сериозни симптоми.

На секои три минути во просек настапува алергиска реакција за нешто што се изело или испило, а личноста мора да се упати кон институцијата која ќе ѝ пружи соодветна лекарска помош.

Станува збор за навистина многу посети во одделот за итна помош, само поради алергијата на одредени видови храна или пијалаци.

Алергиите на храна кај децата се зголемиле за 50% во периодот помеѓу 1997 и 2011 година. А местото на „злосторството“ каде што започнува процесот се токму телата на нашите бебиња.

Др. Меркол кој е водач на овој обемен истражувачки проект укажува дека алергијата на млеко е една од најчестите алергии во Америка.

Тој го припишува ова на употребата на хормони за раст (кои се додаваат во вештачко млеко за бебиња и деца), како и прекумерната употреба на т.н. корисни пестициди во земјоделството и сточарството, кои го преплавија пазарот во 90-тите години.

Дали нашата храна има нешто во својот состав што го немала порано? Апсолутно!

Преработената храна придонесува за развој на алергии на неколку различни нивоа.

Поголемиот дел од преработената храна содржи различни бои, вкусови, засилувачи на вкус, конзерванси и други адитиви кои можат да имаат значително влијание на квалитетот.

Меѓутоа, за време на тестирањето, ниту еден пациент не покажа реакција на одредена поединечна компонента во преработената храна.

Ова значи дека никој не е алергичен само на бојата како додаток или на одреден емулгатор. Долго време овој податок ги збунувал научниците, додека не добиле идеја за сосема поинакво тестирање.

Предложено било да се направи тест за алергија на комбинацијата од додатоци кои се користат во прехранбената индустрија. Резултатот ги шокирал сите.

Додатоците во прав кои се користат за зголемување на хранливата вредност на производот во голема мера се предизвикувачи на алергиски реакции. Во зависност од комбинацијата на адитиви, се развива типична алергија (на млеко, глутен итн.).

Еден од првите прехранбени продукти кои ја претрпеле оваа промена и добиле хранлив додаток во исхраната која има форма на мешавина е млекото во прав. Во 1994 година, млечната индустрија започнала да користи генетски модифициран хормон за раст rBGH (хормон за раст на кравите), со цел да се зголеми количината на млеко кое го дава едно грло.

Ова пак резултирало со помала отпорност на добитокот кон некои болести. Со цел да се спречи губењето на стадото, тие започнале да користат повисока количина на антибиотици.

Денес сме целосно свесни за бактериската (не)отпорност при честата употреба на антибиотици, и тука започнува нашата современа приказна за развојот на нетолеранција на одредени видови храна.

Зошто нашите предци немале алергии на храна?

Кратко и јасно, бидејќи јаделе храна која нема конзерванси и не е хемиски обработена. Оброците доаѓале директно од фармата или од градината. Бебињата имале одличен здрав почеток (или биле доени или се хранеле со природно кравјо или козјо млеко).

Во тој временски период зборот диета бил непознат поим. Домашната пилешка супа и чаевите биле најефикасните лекови против настинките.

Нашите баби и дедовци го поминувале поголемиот дел од своето време надвор. Нивото на шеќер го подигнувале на природен начин, со берење и јадење шумски јагоди, капини, јаболка.

Никогаш не трчале на лекар за најмалите ситници.

Кога имале треска, едноставно чекале одредено време за да помине, без да паничат. Се мачкале со ракија. Доколку ги болел стомакот, јаделе само домашна супа и пиеле многу чаеви.

Нивниот лек била храната.

Исхраната и начинот на живот имаат значаен ефект врз нашето тело. Секоја клетка на нашиот организам бара соодветна исхрана за да функционира правилно. Лошата исхрана го загрозува интегритетот на секоја клетка, што создава чувствителност кон одредени видови на храна.

Се чини дека алергиите на храна се непредвидливи нус-производи кои потекнуваат од многу фактори на животната средина, кои не биле пак дел од животите на нашите предци.

Со ова темпо, потребно е да се запрашаме како изгледа иднината на нашата исхрана. Бидејќи ова ја диктира нашата (не)здрава иднина.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Зошто растат влакна на бенките и дали е опасно да ги отстраните? Како на другите делови од телото, влакната се нормална појава и на бенките. Тие ...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg