Медитација за почетници

meditacija-za-pocetnici-povekjeАко никогаш не сте медитирале, а имате желба и празен џеб, следете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да ја направите медитацијата како што треба:


meditacija-za-pocetnici

1. Пронајдете мирно место на кое никој нема да ве вознемирува. Ослободете го умот од сите грижи и стрес што се насобрале во текот на денот. Запалете миризливи стапчиња и свеќи. Еднаш кога сте создале пријатна атмосфера, седнете на перница и исправете се. Многу е важно во текот на медитацијата да ви биде пријатно, сепак, потрудете се да останете будни.

2. Затворете ги очите и длабоко вдишете на нос, фокусирајќи се на протокот на воздух. Издишете и ослободете ги насобраните тензии. Одморете неколку минути и фокусирајте се на повторување на оваа вежба сè додека во потполност не го прочистите својот ум.

3. Доколку во вашиот ум се појават мисли, немојте да се борите со нив. Затоа што тоа ќе резултира со појава на нови мисли и ќе ве доведат до размислување. Наместо тоа, обрнете внимание на чувството како воздухот поминува низ вашите бели дробови.

4. Со секое вдишување, вдишете повеќе одошто сакате, отпуштајќи ги негативните мисли или енергија со секое издишување. Совршенство се постигнува со вежбање, затоа повторувајте ја вежбата секојдневно. За опуштење ќе ви бидат доволни само 15 минути.

Би можело да ве интересира:

Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор? Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнува...
Дали е безбедно, дали боли – Што треба да знаете за отстранувањето на бенките? Повеќето бенки се безопасни, но некои луѓе сепак сакат да ги отстранат од естетс...
Симптоми на стомачен вирус, колку долго трае и кога да посетите доктор? Стомачниот вирус е често заболување кое предизвикува непријатни симптоми, како д...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg