Кремасто пилешко „Тоскана“ според италијански рецепт

Италијанците го обожаваат пилешкото „Тоскана“ поради богатиот вкус и сосот со шери домати и спанаќ. Тие велат дека кој го пробал еднаш, го направил уште многупати.

kremasto-pileshko-toskana-spored-italijanski-recept-01.jpg

Пилешкото „Тоскана“ по италијански рецепт се подготвува брзо, а се сервира со малку лимон и парчиња препечен леб. Лесен е за подготовка, а ќе ви требаат околу 40 минути.

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 4 парчиња пилешки гради без кожа и коски
  • Малку сол
  • Свежо мелен црн бибер
  • 1 лажиче сушено оригано
  • 3 супени лажици. путер
  • 3 чешниња лук, мелен
  • 1 ½ гранчиња шери домати, пресечени на половина
  • 150gr. беби спанаќ
  • 250ml неутрална павлака за готвење
  • 30gr рендан пармезан
  • Лимон за сервирање

kremasto-pileshko-toskana-spored-italijanski-recept-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Во тава на средна топлина загрејте го маслиновото масло. Пропржете го пилешкото кое сте го зачиниле со сол, бибер и оригано. Гответе додека не добие златна боја (отприлика по 7-8 минути на секоја страна). Извадете го месото од тавата и оставете го на страна.
  • Во истата тава ставете го путерот. Додајте го лукот и пржете околу 1 минута. Додадете ги шери доматите и зачинете со сол и бибер по вкус. Гответе додека доматите не почнат да пукаат, потоа додадете го спанаќот. Варете додека спанаќот не почне да се топи.
  • Во смесата што врие додајте ја неутралната павлака и пармезанот. Намалете го огнот на минимум и варете додека сосот не се згусне.
  • Вратете го пилешкото во тавата и продолжете да го варете заедно со сосот уште 5 минути.
  • Послужете со топло, со парчиња лимон и препечен леб.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg