Летен ручек по рецептот на нашите баби: Похувани пиперки со растопено сирење

Наместо да ги пржите, овие пиперки се подготвуваат во рерна, а ќе ви се допаднат затоа што нема да пливаат во масло.

leten-ruchek-po-receptot-na-nashite-babi-pohuvani-polneti-piperki-so-rastopeno-sirenje-01.jpg

Мирисот на печените пиперки и сосови со зеленчук се нешто што многумина ги враќа во детството и кујната на баба, а со овој рецепт ќе направите вкусни похувани пиперки од кои тече растопено сирење и кашкавал.

Српската блогерка Јелена Коцмановиќ на својот Инстаграм профил сподели рецепт за летен ручек што сигурно ќе ви се допадне.

Рецептот е едноставен и можат да го направат и оние што се целосни почетници во кујна.

Потребни состојки:

  • 6 печени пиперки;
  • 2 јајца;
  • 250g сирење;
  • 150g кашкавал;
  • Малку брашно;
  • 200g презла;
  • малку масло (за попрскување).

Начин на подготовка:

  • Пиперките се мијат, се чистат од семки и се ставаат на плех обложен со хартија за печење;
  • Рерната се загрева на 220 степени Целзиусови, а пиперките се ставаат на најгорната решетка и по неколку минути се вадат и се превртуваат;
  • По неколку минути, откако ќе се испечат, пиперките се вадат, се ставаат во сад и се затвораат со капак за да омекнат;
  • Кога ќе се оладат, пиперките се лупат и се сечат по должина само од едната страна;
  • Во длабок сад се меша сирење и кашкавал, во друг сад се става малку брашно, во трет се мешаат јајцата, а во четврт се става презла;
  • Во отворените пиперки се става мешавина од кашкавал и сирење, се преклопуваат, па се валкаат во брашно, па се потопуваат во јајца и на крај се валкаат во презла;
  • Пиперките се распоредуваат на плех обложен со хартија за печење, се попрскуваат со малку масло и се печат 10-тина минути на температура од 200 степени Целзиусови.

Видео упатство:

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Kocmanović (@nas_dan_svaki_dan)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg