Вкусно предјадење или додаток: Потпечен зачинет карфиол во Air Fryer

Пазарите се преполни со крафиол. Освен што можете да го испохувате или да го ставите во супа, можете да подготвите и вкусен потпечен карфиол што одлично ќе се вклопи со ручек со месо или, пак, можете да го сервирате како предјадење.

vkusno-predjadenje-ili-dodatok-potpechen-zachinet-karfiol-od-air-fryer-01.jpg

Ќе ви се допадне тоа што овој карфиол се подготвува многу брзо во Апарат за готвење на топол воздух (Air Fryer), а нема да ви остане неред пo подготвувањето на храната.

Потребни состојки:

  • 1 глава карфиол (измиена и исечкана на цветчиња);
  • 3 големи лажици маслиново масло;
  • 2 големи лажици сок од лимон;
  • ¾ лажица црвен пипер;
  • ½ лажица лук во прав;
  • ½ лажица сол;
  • ¼ лажица црн бибер.

Начин на подготовка:

  • Апаратот за готвење со топол воздух се загрева на температура од 190 степени Целзиусови;
  • Цветчињата од карфиолот се ставаат во длабок сад и се попрскуваат со малку маслиново масло и сок од лимон, па се зачинуваат со црвен пипер, лук во прав, сол и црн бибер и се мешаат додека зачините не се распоредат подеднакво;
  • Цветчињата од карфиол се распоредуваат во еден слој во корпата од апаратот за печење на топол воздух, и притоа се внимава да не ја преполните корпата;
  • Печете од 7 до 10 минути во зависност од големината на цветчињата и на половина од печењето, добро е да ја извадите и да ја протресете корпата за карфиолот да добие убава кафеава боја од сите страни.

wholesomeyum-Air-Fryer-Cauliflower-Recipe-8.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg