Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори

Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да подготвите брза вртена пита за Василица, од готови кори?

recept-za-vrtena-pita-so-parichka-za-vasilica-od-gotovi-kori-01.jpg

За големиот празник Свети Василиј Велики во голем број градови низ Македонија се подготвува вртена пита со паричка.

Овој рецепт ќе им се најде на сите оние што сакаат да ја испочитуваат традицијата, но немаат премногу време за месење и за сукање.

Како да подготвите вкусна пита од готови кори:

Потребни состојки:

  • 500g готови кори;
  • 2 јајца;
  • 400g урда (или сирење, или мешано урда и сирење);
  • 100g павлака;
  • 200ml минерална вода;
  • 50ml масло;
  • ½ лажичка сол.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови. Во чаша се мешаат минералната вода и маслото;
  • Во длабок сад се мешаат јајцата, урдата или сирењето, павлаката и се додава пола лажиче сол. Сите состојки се мешаат додека да се добие изедначен фил;
  • На работна површина се става една кора и се попрскува со малку вода и масло. Се става уште една кора врз првата и се премачкува со филот од сирење, јајца и павлака;
  • Корите се виткаат во ролат и се свиткуваат во круг, па се ставаат во претходно премачкан плех за печење;
  • Постапката се повторува сѐ додека не се потрошат сите кори;
  • Паричката се мие, се обложува со алуминиумска фолија и се става во една од корите (не е важно во која);
  • Кога ќе се наредат сите кори во плехот за печење, готовата пита се полева со остатокот од минерална вода и масло;
  • Питата се пече 20-тина минути на температура од 180 степени Целзиусови, или додека не порумени;
  • Откако ќе се испече, се остава да се олади 20-тина минути, пред да засечете и да ја поделите.

recept-za-vrtena-pita-so-parichka-za-vasilica-od-gotovi-kori-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Јајца на око со виршли во форма на цветови - децата ќе ги обожаваат (видео) Едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се спрема бр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg